Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 213.135.165.78 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ред 5:
Во десетата година на [[Тројанската војна]] избувнала караница меѓу [[Ахил]] и [[Агамемнон]], кога аполоновиот [[свештеник]] Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот [[Теба]] од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот [[Аполон]] налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви [[Аполон]], Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против [[Троја]]нците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата [[Тетида]] да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила [[Зевс]] да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
 
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле [[Менелај]] и [[Парис]] каде што победил Менелај, но божицата [[Афродита]] го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле [[Ајант]] и [[Хектор]]. Хектор бил ранет, но богот [[Аполон]] бргsazzубргу го излечил.
 
Боговите на [[Oлимп]] се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на Тројанците, а [[Хера]] и [[Атина (божица)|Атина]] - заштитници на Ахајците (Грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: [[Агамемнон]], [[Менелај]], [[Диомед]], [[Одисеј]], [[Идоменај]] и други. Меѓу Тројанците како најсилен се покажал „вртишлем“ [[Хектор]], [[Ајнеј]], ликискиот цар [[Сарпедон]] и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги спалат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле Тројанците. Поразените Ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењето, а Тројанците радосни, цела ноќ палеле огнови и им принесувале жртви на боговите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада