Гостивар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 136:
Во текот на 50-ите години на {{римски|19}} век, [[французи|францускиот]] геолог и балканолог [[Ами Буе]], пишувајќи за [[Тетово]], покрај другото соопштува дека во еден дел од [[Полошката Котлина]] се наоѓало „големото село“ Гостивар. Инаку, како гратче, Гостивар прв пат се спомеува во два записа од {{римски|19}} век. Според нив, оваа полошка населба веќе имала оформена чаршија, а вторник бил пазарен ден. Во втората половина на {{римски|19}} век, поточно во [[1874]] година, градот имал околу 400 куќи со околу 2.000 жители, а на крајот на истиот век околу 3.500 жители. Рускиот професор и научник Андреј М. Селишчев „гратчето под Шар“ го споменува и со името '''Костово'''.
 
Според статистичките податоци со кои располагал бугарскиот етнолог, географ и патеписец [[Васил К’нчевК’нчов]], на крајот на {{римски|19}} век Гостивар имал 3.735 жители од кои 3.100 [[Турци]], 310 [[Македонци]], 200 [[Роми]], 100 [[Албанци]] и 25 [[Власи]]. По [[Балкански војни|балканските]] и [[Прва светска војна|Првата светска војна]], не е забележан зголемен број на населението, главно поради иселувањето на муслиманското население во [[Турција]]. Во периодот меѓу двете светски војни градот бележи стопанска стагнација, а и целиот Горен Полог бил неразвиено подрачје, без индустриски објекти и инфраструктура. Исклучок била железничката пруга кон [[Скопје]], а подоцна и кон [[Кичево]], која подоцна одиграла важна улога во економското заживување.
 
Според пописот од [[2002]] година, градот Гостивар има 35.847 жители<ref name="попис">{{цитирана мрежна страница|url= http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија|date=2002|publisher=Завод за статистика на Македонија |accessdate=29 март 2016}}</ref>, додека новосоздадената [[Општина Гостивар]] со новата организација броела 80.280 жители (старата Општина Гостивар до 2004 година броела 49.545 жители).