Славјанско-маќедонска општа историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
Во првиот дел Пулевски ги опфаќа и обработува настанокот на [[Македонци]]те и [[Словен]]ите како потомци од Дедо Мосох, шестиот син Јафетов и нивното доаѓање на денешните простори преку Азија и Сарматија при што се осврнува на темите за настарите места и престолнини на [[Македонци]]те и Словените, од што произлегува словенското име, когашен е словенскиот јазик и посебни докази (документи) за славјанско македонската историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Вториот дел го обработува во три посебни книги од кои една насловена како ''Царственик Велики Александров''“ го опфаќа сето влаадеење на [[Александар Македонски]] вклучувајќи голем број вистинити настани, но и фантастични натприродни случки и легенди. Во вториот дел од Историјата се обработени темите за македонските граници (меѓи, синори), основањето на [[Кралство Македонија|македонското царство]], подробно кажување за македонските цареви, раскажување за влаадеењето на [[Филип II Македонски]], цела книга за владеењето на [[Александар Македонски]] и раскажување за разделувањето на царството по неговата смрт, поводот и завладувањето на Римјаните со [[Античка Македонија|македонската држава]] и владеењето на римските цареви со [[Македонија]]<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Во третиот историски период одделно се раскажува за потпаѓањето на Грција под римска власт, поделбата на Источно и Западно Римско царство, владеењето на [[Константин Велики]] и триумвиратот на Октавијан Август. Четвртиот историски дел опфаќа раскажување за основањето и забраната на [[Охридска Архиепископија|Охридската Архиепископија]] и се обработуваат бугарската, српската и влашката (романската) историја. Послениот историски период го опфаќа доаѓањето на Турците и сите воени судири кои ги имале со европските царства и држави како руско-турските, турско-унгарските и други војни, ослободувањето на [[Грција]], [[Србија]], [[Романија]] и [[Бугарија]]. Посебна вредност во овој дел имаат поглавјата кои се однесуваат за времето што [[Ѓорѓија Пулевски]] го опишува како личен сведок или учесник<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Тоа особено се однесува за оние делови во кои се раскажува за битките од руско-турската војна и албанските качачки напади во востанието под водство на Дервиш Царе, при што Ѓорѓија Пулевски дава и доста ретки податоци за случувањата во [[Галичник]] и [[Западна Македонија]], кои се опеани и во познатите народни песни. Текстот на историјата завршува со насловот на поглавјето ''За поносење маќедонско'' односно за македонското однесување, под кој страницата е оствавена празна, бидејќи по неколку месеци авторот починал, но следејќи го текот на опишувањето на историските настани и самиот наслов најверојатно тука тој сакал да ги обработи случувањата во [[Македонија]] за време на Големата источна криза и Руско-турската војна кога биле кренати [[Разловечко востание|Разловечкото]] и [[Македонско востание|Македонското востание]] во [[Кресна]] во кое самиот Ѓорѓија Пулевски земал активно учество како војвода.
 
Обемниот и навистина опширен ракопис посветен на минатото на [[Македонија]], кој во огромна мерка опфаќа и историски настани од историјата на цела [[Европа]] и делови од [[Азија]] и [[Северна Африка]] (раскажувања за англиските интереси - ''желји„желји“'' во Индија и Египет), всушност претставува и воопшто првата концепција на [[Историја на македонскиот народ|македонската историографија]] која националната историја ја смета како непрекинат след уште од времето пред и на [[Античка Македонија|aнтичка Македонија]]. Иако, главно коректно ги пренесува и интерпретира старите извори, [[Ѓорѓија Пулевски]] во текстот не испушта да направи оддели пасуси на ''Исправка'' како одговор на тие историчари, но и како разјаснување на самата Историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />.
 
По првото разгледување на ракописот, делови и одломки од содржината на обемната „Славјанско-маќедонска општа историја“ биле објавувани во 1973 и 1974 година, додека по обезбедувањето на микрофилмирана копија од целиот ракопис во 1992 година започнало негово уредување, при што ова капитално дело беше објавено во целост од [[МАНУ]] и Фондацијата „[[Трифун Костовски]]“ во [[2003]] година, а еден негов дел односно „''Царственикот Велики Александров''“ бил издаден од Институтот за национална историја во [[2005]] година во [[Македонија]] со наслов „Македонска Александрида“, и двете изданија под редакција на академик [[Блаже Ристовски]] и проф. д-р Билјана Р. Јосифовска<ref>''„Македонска Александрида“ (Извадок од „Славјано-маќедонската општа историја“ од Ѓорѓија М.Пулевски''). Институт за национална историја, Скопје, 2005. стр.5</ref>.