Славјанско-маќедонска општа историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
* 4) четвртиот дел го опфаќа периодот од 395-та до [[1360]] година односно времето кога дошле [[Турци]]те во [[Македонија]] и
* 5) петиот временски период е од 1360-та година односно од завладувањето на Турците со Македонија па сè до актуелниот миг на крајот на XIX век <ref name="Ѓорѓија Пулевски">{{наведена книга|last=Пулевски|first=Ѓорѓија|authorlink=Ѓорѓија Пулевски|title=Славјано-маќедонска општа историја|url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c9/%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%9C%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf|date=1892 (2003)|publisher=МАНУ|location=Скопје|pages=1-1003|isbn=9989-101-21-3}}</ref>.
На крајот на делото, во XI книга се содржани раскажувања за народнитенародите односно племињата (соевите) полуостровски кои живеат на Балканот при што Пулевски наведува дванаесетина [[Македонци|македонски]] етнографски групи од различни области и предели на [[Македонија]] како и граматички дел за времињата и падежните облици на различни именки, броеви и зборови<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. За пишување на историјата [[Ѓорѓија Пулевски]] скоро три децении стрпливо собирал материјали, проучувајќи ги достапните извори и литература, при што во текстот постојано се повикува и цитира педесетина автори<ref name="Блаже Ристовски">{{наведена книга|last=Ристовски|first=Блаже|authorlink=Блаже Ристовски|title=Ѓорѓија М. Пулевски - меѓник во нашата културно-национална историја|url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2a/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%9F%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_-_%D0%BC%D0%B5%D1%93%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%91.%D0%A0%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8.pdf|year=1996|publisher=МАНУ|location=Скопје|pages=20–26}}</ref> меѓу кои познати светски, византиски, руски историчари како Мауро Орбини, [[Михаил Ломоносов|Ломоносов]], Гибон, Дуфресне и др.
 
Во првиот дел Пулевски ги опфаќа и обработува настанокот на [[Македонци]]те и [[Словен]]ите како потомци од Дедо Мосох, шестиот син Јафетов и нивното доаѓање на денешните простори преку Азија и Сарматија при што се осврнува на темите за настарите места и престолнини на [[Македонци]]те и Словените, од што произлегува словенското име, когашен е словенскиот јазик и посебни докази (документи) за славјанско македонската историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Вториот дел го обработува во три посебни книги од кои една насловена како ''Царственик Велики Александров''“ го опфаќа сето влаадеење на [[Александар Македонски]] вклучувајќи голем број вистинити настани, но и фантастични натприродни случки и легенди. Во вториот дел од Историјата се обработени темите за македонските граници (меѓи, синори), основањето на [[Кралство Македонија|македонското царство]], подробно кажување за македонските цареви, раскажување за влаадеењето на [[Филип II Македонски]], цела книга за владеењето на [[Александар Македонски]] и раскажување за разделувањето на царството по неговата смрт, поводот и завладувањето на Римјаните со [[Античка Македонија|македонската држава]] и владеењето на римските цареви со [[Македонија]]<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Во третиот историски период одделно се раскажува за потпаѓањето на Грција под римска власт, поделбата на Источно и Западно Римско царство, владеењето на [[Константин Велики]] и триумвиратот на Октавијан Август. Четвртиот историски дел опфаќа раскажување за основањето и забраната на [[Охридска Архиепископија|Охридската Архиепископија]] и се обработуваат бугарската, српската и влашката (романската) историја. Послениот историски период го опфаќа доаѓањето на Турците и сите воени судири кои ги имале со европските царства и држави како руско-турските, турско-унгарските и други војни, ослободувањето на [[Грција]], [[Србија]], [[Романија]] и [[Бугарија]]. Посебна вредност во овој дел имаат поглавјата кои се однесуваат за времето што [[Ѓорѓија Пулевски]] го опишува како личен сведок или учесник<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Тоа особено се однесува за оние делови во кои се раскажува за битките од руско-турската војна и албанските качачки напади во востанието под водство на Дервиш Царе, при што Ѓорѓија Пулевски дава и доста ретки податоци за случувањата во [[Галичник]] и [[Западна Македонија]], кои се опеани и во познатите народни песни. Текстот на историјата завршува со насловот на поглавјето ''За поносење маќедонско'' односно за македонското однесување, под кој страницата е оствавена празна, бидејќи по неколку месеци авторот починал, но следејќи го текот на опишувањето на историските настани и самиот наслов најверојатно тука тој сакал да ги обработи случувањата во [[Македонија]] за време на Големата источна криза и Руско-турската војна кога биле кренати [[Разловечко востание|Разловечкото]] и [[Македонско востание|Македонското востание]] во [[Кресна]] во кое самиот Ѓорѓија Пулевски земал активно учество како војвода.
 
Обемниот и навистина опширен ракопис посветен на минатото на [[Македонија]], кој во огромна мерка опфаќа и историски настани од историјата на цела [[Европа]] и делови од [[Азија]] и [[Северна Африка]] (раскажувања за англиските интереси ''желји'' во Индија и Египет), всушност претставува и воопшто првата концепција на [[Историја на македонскиот народ|македонската историографија]] која националната историја ја смета како непрекинат след уште од времето пред и на [[Античка Македонија|aнтичка Македонија]]. Иако, главно коректно ги пренесува и интерпретира старите извори, [[Ѓорѓија Пулевски]] во текстот не испушта да направи оддели пасуси на ''Исправка'' како одговор на тие историчари, но и како разјаснување на самата Историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />.