Јохан Волфганг фон Гете: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Дела: ситна поправка
→‎Други дела: дополнување
Ред 53:
 
На преминот од 18 кон 19 век Гете пишувал многу малку, бидејќи бил посветен на научната работа од која произлегло делото „Наука за боите“ од [[1810]] година. Првото поголемо поетско дело го објавил во [[1809]] година - [[Роман|романот]] „[[Избор по сродноста]]“ во кои пишува за привлекувањето и борбата меѓу човечките склоности и [[Етика|етички]] принципи. Потоа, тој започнал да ја пишува својата [[автобиографија]], но го завршил само првиот дел „Од мојот живот“, со поднаслов „Поезијата и вистината“, во кој се зборува за неговиот живот од раѓањето до преминот во Вајмар. Подоцнежните фази од животот Гете ги изнесол во делата „Патување низ Италија“, „Патот во Швајцарија 1797. година“, „Војната во Франција“ и во неколку помали дела. Зголемениот интерес за персиската лирика, особено за поетот Хафис, нашло одраз во збирката „Западно-источен диван“, а до крајот на животот успеал да заврши уште две дела на кои работел подолг период: романот „[[Годините на патувањата на Вилхелм Мајстер]]“ од [[1821]] година, каде што ги искажува своите погледи за моралното воспитување на човекот, и вториот дел на “Фауст“, завршен непосредно пред неговата смрт. Според многу критичари, овие две дела не ја достигнале висината на неговите претходни дела. Најпосле, меѓу лирските дела од последната творечка фаза на Гете се издвојува „Мариенбадската елегија“ од [[1823]] година, како свидетелство за неговото самопрегорно откажување од среќата. Другите песни од овој период се одликуваат со многу рефлексии и гатанки, така што се тешки за толкување. Според симболизмот и параболичното значење особено се истакнуваат неговите „[[Максими и рефлексии]]“, кои се формулирани десет години пред неговата смрт.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 121-122.</ref>
 
Во последните децении на својот живот Гете се интересирал и за народното творештво. Всушност, уште во младоста тој ја препеал српската народна песна „[[Хасанагиница]]“ за потребите на Хердеровата збирка на народни песни. Подоцна, благодарение на [[браќата Грим]], неговиот интерес уште повеќе за зголемил и тој често објавувал разни статии, рецензии и белешки за народната поезија.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 122.</ref>
 
== Дела ==