Констанс II Ираклиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
|}}
{{Ираклиева династија}}
'''Констанс II Ираклиј''' ([[грчки]]: ''Κώνστας Β', Kōnstas II''), ({{роден на|7|ноември|630}} во {{роден во|КонстантинополЦариград}} - {{починал на|16|септември|668}}) бил византиски император кој владеел во периодот од 641 до 688 година. Тој бил син на [[Константин III Ираклиј|Константин III]] и внук на [[Ираклиј I]].
 
Родено име на Констанс II е Ираклиј (''Heraclius''). Кога во [[641]] година го прогласиле како совладетел, народот му го избрал името Константин и дури подоцна управувал под тоа име, но во историографијата останал познат под името Констас (Констанца, Константи), т.е "''помалиот (најмладиот) Константин".'' Прекарот Погонат ("''Брада''") во подоцнежните времиња неправилно било утврдено за неговиот син [[Константин IV Погонат]], макар да се однесува токму за Констанс II.
Ред 34:
Во 40-тите и 50-тите години на векот, [[Арапи]]те [[муслимански освојувања|започнале инванзија]] кон [[Северна Африка]] и [[Мала Азија]] каде византиската власт изгубила голем број на територии. Последните византиски територии во [[Египет]] биле изгубени во корист [[Праведен калифат|Арапскиот калифат]] уште во [[642]] година, кога [[Опсада на александрија (642)|била заземена]] [[Александрија]]. Во [[645]] година византиската флота ја нападнала и вратила [[Александрија]], но тие успеале да се задржат таму само околу една година пред Арапите да го заземат градот повторно.
 
Земјите во [[Мала Азија]] речиси секоја година биле напаѓани од арапски армии. Азиските провинции на империјата се здобиле со големи опустошувања како резултат на арапската офанзива во [[Ерменија]] и [[Кападокија]] (647), [[Фригија]] (648), [[Киликија]] (650). Во 649 година [[Кипар]], [[Крит]] и други острови биле нападнати од арапски бродови. Во [[654]] година [[Родос]] бил ограбен од [[Арапи]]те, а во [[655]] година царската флота предводена од самиот Констанс била поразена крај бреговите на [[Ликија]]. По поразот императорот едвај си го спасил животот, успевајќи да побегне. Започнатата во големи размери инвазија на Арапите кон [[КонстантинополЦариград]] било спречено исклучиво како резултат на верските борби во калифатот во [[656]] година. Ова им помагнало на Византијците привремено да ја обрнат ситуацијата во своја корист. Примирјето со Арапите било склучено во 659 година, но тоа траело само неколку години (до 662 година).
 
===Поход кон Балканот===
Ред 48:
== Односи со западот ==
 
Откако во [[660]] година Констанс II наредил убиството на својот брат Теодосиј, во кого се сомневал дека му бил евентуален ривал за престолот, неговото управување се одвило под знакот на силна опозиција од страна на народот во КонстантинополЦариград. Јавната омраза против императорот се зголемила, поради што тој одлучил да го напушти главниот град и да замине на запад, во [[Сицилија]], каде го утврдил императорскиот дворец.
 
Во [[663]] година Констанс II се обидел да ја поврати Италија од [[Ломбардија]], кои во тоа време биле ангажирани во војна против [[Франки]]те на север. Иако првично имал успеси во Јужна Италија, армијата на императорот претрпила тежок пораз.