Разлика помеѓу преработките на „Кинески јазик“

Додадени 8 бајти ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
Кинескиот пишан јазик користи [[кинески знаци]] (漢字/汉字, ''ханцу''), кои се [[логограм]]и: секој симбол претставува [[семантема]] или [[морфема]] (a meaningful unit of language), како и еден [[слог]]; така пишаниот јазик може да се смета за морфемо-слоговно писмо.
 
Кинеските знаци еволуирале од најрани облици на [[хиероглиф]]и. Мислињето дека сите кинески знаци се [[пиктограф]]и или [[идеограф]]и е погрешно: највеќето знаци содржат фонетски делови, и се сложенки од фонетски компоненти и семантички [[клуч (кинеско писмо)|клучеви]] (радикали). Само најпростите знаци како ''жен'' 人 (човек), ''жи'' 日 (сонце), ''шан'' 山 (планина), ''шуи'' 水 (вода), се можеби од сосема сликовно потекло. Во 100 н.е., познатиот учен [[Сји Шен]] за време на династијата [[Хан (династија)|Хан]] ги поставил знаците во шест категории: пиктографи, прости идеографи, сложени идеографи, фонетски заемки, фонетски сложенки и изводни знаци. Од нив, само 4% се пиктографи, додека 80-90% се фонетски сложенки кои се состојат од ''семантички'' елемент кој го дава значењето и ''фонетски'' елемент кој (можеби) некогаш го давал изговорот. Постојат околу 214 клуча признаени од речникот „[[КангсиКангсиев (речник)|КангсиКангсиевиот речник]], кои го даваат семантичкото значење на знакот.
Современите знаци се стилизирани според [[кајшу|стандарното писмо]] (楷书/楷書 ''кајшу''). Разни други стилови се користат во [[кинеска калиграфија|кинеската калиграфија]], меѓу кои и печатното писмо (篆书/篆書 чуаншу), ракописното писмо (草书/草書 цаошу) и канцелариското писмо (隶书/隸書 лишу). Калиграфите знаат да пишуваат и традиционално и упростено писмо, но ги користат традиционалните знаци за традиционална уметност.
[[Сингапур]], со своето бројно кинеско население, е првата – и моментално единствената – странска земја која официјално ги прифатила упростените знаци, иако истите имаат станато ''де факто'' стандард за помладите кинези во [[Малезија]]. [[Интернет]]от дава можност за вежбање на читање во другиот систем, било тој да е традиционален или упростен.
 
Добро образованиот кинез денес распознава околу 6000-7000 знаци; потребни се околу 3000 за читање на [[весник]]. Владата на НР Кина ја дефинира писменоста за работниците како познавање на 2000 знаци, иако ова е чисто функционално. Голем нескратен [[речник]] како [[КангсиКангсиев (речник)|КангсиКангсиевиот]] содржи над 40.000 знаци, меѓу кои и малку познати, алтернативни и архаични знаци; денес се користат само 10.000 од нив.
 
== Историја и еволуција ==