Љумница: Разлика помеѓу преработките

село во Егејска Македонија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Место во Грција |name = Љумница |name_local = |image_skyline = |caption_skyline...
(нема разлика)

Преработка од 23:55, 16 март 2016

Љумница или Лумница (грчки: Σκρα, Скра, до 1927 година Λούμνιτσα, Лумница) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.

Љумница
Љумница is located in Грција
Љумница
Љумница
Координати: 41°06′N 22°24′E / 41.100° СГШ; 22.400° ИГД / 41.100; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Население (2011)[1]
 • Вкупно187
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

Селото Љумница се наоѓа на 12 километри југозападно од Гевгелија, сместено на 560 метри надморска височина во северозападните истурени ридови на планината Пајак[2]. Тоа претставувало самостојна општина во Гуменџиската околија со вкупна површина на општинскиот атар од 96 километри квадратни[2].

Историја

Стопанство

Бидејќи е планинско селото е многу пасивно[3]. Покрај сточарството, селаните се занимаваат и со земјоделство, при што главни производи се компири, костење и малку пченица. Поради скудноста на земјиштето, уште од порано постои традицијата помладите да одат во внатрешноста на земјата на печалба за да можат да ги прехранат своите семејства.

Население

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано со 1405 жители, додека во 1920 година само со 854 жители[3]. Со бројните иселувања, бројот на жителите во 1928 опаднал на 647, а во 1940 се искачува на 886. Поради воените страдања бројот на жителите во 1951 опаднал на 446, во 1961 останал на истата бројка од 446, за да опадне во 1971 на 276, во 1981 на 219, а во 1991 пораснало на на 246 жители[3].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 886 446 446 276 219 246 219 187
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Иселеништво

Општествени установи

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 61–62. ISBN 9989-9819-4-9.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Кукушки округ (XI/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 61–62.