Зошто ние Македонците сме одделна нација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
'''Зошто ние Македонците сме одделна нација''' (познато и како '''Зошто ние Македонците сме посебна нација''') е авторски текст, статија на македонскиот публицист и културен деец [[Васил Ивановски]] потпишан под псевдонимот „Бистришки“<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89</ref>. Статијата е издадена во [[декември]] [[1934]] година од страна на Македонскиот народен сојуз во Америка од [[Детроит]] на неговиот четврт конгрес, помеѓу многуте изложувања, реферати и резолуции, откако статијата почнала да излегува во весникот „Македонско знаме“ на почетокот на истата година, кога весникот бил забранет од софиската фашистичко-монархистичка диктатура. Оваа статија претставува една од најголемите и најтемелните докази и изложувања (прокламации) на македонската национална посебност и идентитет напишана од [[Македонци|Македонец]] на почетокот на XX век. Во оваа статија [[Васил Ивановски]] (Бистришки) преку 6 точки темелно ја објаснува и изложува посебноста на [[Македонци|македонскиот народ]], од балканските завојувачи, неговиот [[македонски јазик|јазик]], култура, историја, етногенетскиот процес на неговото создавање и економската засебност на територијата на [[Македонија]], со што ја оправдува и целта на борбата за создавање на независна национална македонска држава.
 
== Делови од статијата ''Зошто„Зошто ние Македонците сме посебна нација''нација“ ==
 
''Одговорот на тоа прашање е пред се од големо политичко значење. Познато е дека, како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот „Македонците се најдобриот дел од бугарската нација“. Според вториот „Македонците се чисти Срби“, а според третиот „Македонците се словеногласни Елини“. Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува“ задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела [[Македонија]]<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89</ref>.''