Алекса Шантиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
дополнување
Ред 1:
'''Алекса Шантиќ''' ([[српски]]: ''Алекса Шантић'') ([[27 мај]] [[1868]], [[Мостар]], [[Османлиско ЦарствоАвстро-Унгарија]] - [[2 февруари]] [[1924]], Мостар, [[Кралство СХС]]) - српски поет.
 
==Биографија==
Шантиќ е роден во богато [[Трговија|трговско]] семејство, што му овозможило да заврши трговско училиште во Љубљана и во Трст при што од него се очекувало да ја наследи работата на татко му.<ref>Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 51.</ref> Подоцна, Шантиќ се соочил со [[смрт]]та на целото негово [[семејство]]: таткото (кој умрел додека Алекса бил дете) и мајката, браќата Јефта и Јаков (кој, исто така, бил поет, а умрел во [[1905]] година) и сопругата.<ref>Миодраг Друговац, „Алекса Шантиќ“, во: Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 60.</ref>
 
==Творештво==
Своите први песни Шантиќ ги објавил меѓу [[1887]] и [[1891]] година во списанијата „Голуб“, „Босанска вила“, „Јавор“ и „Нова Зета“, додека неговите стихозбирки се објавени во 1891, [[1895]], [[1911]], [[1908]], [[1911]], [[1918]] и [[1929]] година, во Мостар и [[Белград]]. Во Мостар, во [[1913]] година го објавил и циклусот патриотски песни, со наслов „На старите покриви“, инспириран од [[Балкански војни|Балканските војни]]. Шантиќ е автор и на неколку драмски дела, како што се: „Под магла“ ([[1907]]), „[[Хасанагиница (драма на Шантиќ)|Хасанагиница]]“ (1911), „Анѓелија“ ([[1912]]) и „Драми“ ([[1927]]). Исто така, тој е преведувач на неколку значајни дела: „Лирски интермецо“ на [[Хајнрих Хајне]], „[[Вилјем Тел (книга на Шилер)|Вилјем Тел]]“ на [[Фридрих Шилер]] и „Песни на робот“ на С. Чех, а тој е преведувач и составувач на антологијата „Од германската лирика“ (1910). Најпосле, тој имал голема улога во заживувањето на книжевниот живот на Мостар преку членството во т.н. Мостарски книжевен круг, како и во основањето на книжевното списание „Зора“ ([[1896]] - [[1901]]) за кое се смета дека спаѓа меѓу најмодерните и најдобрите српски книжевни списанија на преминот од [[19 век|19]] во [[20 век]].<ref>Миодраг Друговац, „Алекса Шантиќ“, во: Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 50-51.</ref>
 
Вреднувањето на [[поезија]]та на Шантиќ се менувало во текот на [[време]]то во насока на преиспитување на нејзината вредност и на улогата на Шантиќ во развојот на српската поезија. На пример, дури дванаесет песни на Шантиќ биле вклучени во познатата „Антологија на поновата српска лирика“ која Богдан Поповиќ ја објавил во [[Загреб]], во [[1911]] година. Меѓутоа, подоцна, кога Зоран Мишиќ ја составил својата „Антологија на српската поезија“, објавена во [[Белград]] во [[1963]] година, во неа тој вклучил само една песна на Шантиќ („Вечер на Шкоље“), додека во антологијата на [[Миодраг Павловиќ]], со наслов „Антологија на српската поезија XIII - XX век“, се вклучени само две песни на Шантиќ („Мраз“ и „Предпразнична вечер“). Сепак, нема сомнение дека Шантиќ одиграл голема улогавоулога во модернизирањето на српската поезија кон крајот на [[19 век|19]] и почетокот на [[20 век]]. Во таа смисла, Шантиќ е лирски толкувач на националните и социјалните идеали, а во неговите песни провејуваат како интимните расположенија, така и патриотските чувства.<ref>Миодраг Друговац, „Алекса Шантиќ“, во: Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 49-50.</ref> Во поезијата на Шантиќ се среќаваат бројни мотиви, како што се: патриотски песни („Мојата татковина“, „Судбината своја“, „Прогнаник“, „Бока“, „Гаврило Принцип“ итн.), социјални песни („О, класје мое“, „Леб“, Вечерни ѕвона“, „Вечер на Шкоље“ итн.), патриотско-социјални песни („На голото поле“, „Татко“, Останете овде“ итн.) и [[љубов]]ни песни („Емина“, „пролет“ итн.). И покрај тоа, многу е тешко во неговите песни да се издвојат чисти мотиви, туку тие се надоврзуваат формирајќи сложен мотивски поглед со [[Полифонија|полифона]] [[Семантика|семантичка]] структура и впечатлива мелодичност.<ref>Миодраг Друговац, „Алекса Шантиќ“, во: Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 52.</ref>
 
Во песните на Шантиќ е синтетизирано личното и народното искуство. Неговата лирска [[синтеза]] е сложена, зашто тој ги контрастира интимните расположби, патриотските чувства и противречноста меѓу минатото и сегашноста, а од друга страна ги користи сите средства на лирскиот говор за да постигне максимална експресивна сугестивност на [[стих]]от. Тој се надоврзал на [[Романтизам|романтичарската]] традиција во [[Српска поезија|српската поезија]] ([[Јован Јовановиќ Змај]], [[Ѓура Јакшиќ]] и [[Воислав Илиќ]]), но по интуиција ги следел и тогашните модерни текови во европската поезија - [[Симболизам|симболизмот]]. Врз неговиот поетски развој големо влијание имала критиката на Богдан Поповиќ („За „Песните“ на Алекса Шантиќ“, 1901 година). Според некои критичари, и во неговата подоцнежна фаза се забележува силен печат на романтичарската [[естетика]] при што светлосната [[митологија]] претставува одраз на [[Петар Петровиќ - Његош|Његош]], титанските акценти се преземени од Јакшиќ, болните штимунзи го одразуваат влијанието на Змај, а епигонскиот развлечен стих и аристократизмот во [[дикција]]та се должат на В. Илиќ.<ref>Миодраг Друговац, „Алекса Шантиќ“, во: Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 53-59.</ref>
 
== Наводи ==