Молекула: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Молекулите на некои [[Супстанца|супстанци]] се составени од по два еднородни атома, како што е случајот со [[водород]]ните и [[кислород]]ните молекули. За разлика од нив, молекулите на многу други соединенија се составени од два или повеќе различни атоми. На пример, молекулот од [[Готварска сол|готварската сол]] е составен од еден [[натриум]]ов и еден [[хлор]]ен атом, а молекулот на [[вода]]та го сочинуваат два водородни и еден кислороден атом. Кај релативно мал број соединенија молекулот е составен од неколку илјади атоми. Таквите молекули се џиновски молекули, односно ''макромолекули'' или [[полимер]]ни молекули. Такви се на пример молекулите на [[гума]]та ([[каучук]]от), на [[ензим]]ите, [[скроб]]от, [[протеин]]ите итн.
[[File:Модел на двоатомски молекул.jpg|thumb|мини|десно|Модел на двоатомски молекул]]
 
Во хемијата е вообичаено квалитативниот и квантитативниот состав на молекулот да се изразуваат со [[хемиска формула]]. Распоредот на сврзувањето на атомите еден со друг во молекулот се изразува со [[Структурна формула|структурната формула]] на молекулот. Значи, својствата на супстанците се определени со бројот и видот на атомите во молекулот, како и од меѓусебната положба на атомите во него. Атомите во еден молекул меѓусебно се држат со т.н. [[Валентна сила|валентни сили]] (хемиски сили на [[Хемиска врска|врските]]).