Славјанско-маќедонска општа историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
 
==Содржина==
Текстот на историјата ги опфаќа настаните кои започнуваат уште од 131 година по [[Ное|Вселенскиот (библиски) потоп]] па сè до [[1892]] година, односно до времето во кое живеел и ја напишал самиот автор - [[Ѓорѓија Пулевски]]. За подробно разбирање, содржината на историјата е поделена на пет историски временски периоди: од 131-ва година по Вселенскиот потоп до 900 години пред [[Исус Христос|Христа]] кога се плоделе односно размножувале и населувале [[Македонци]]те, од 900 година до 148 година пред Христа кога [[Македонија]] и Македонците имале свои сопствени цареви и свое [[Античка Македонија|царско управување]] (царство) сè до потпаѓањето под [[Римска империја|Римјаните]], потоа од 148 година пред Христа по сè до 395-та година по Христа кога се разделило [[Римско царство|римското царство]] на две царства, четвртиот дел го опфаќа периодот од 395-та до [[1360]] година односно времето кога дошле [[Турци]]те во [[Македонија]] и петиот временски период е од 1360-та година односно од завладувањето на Турците со Македонија па сè до актуелниот миг на крајот на XIX век <ref name="Ѓорѓија Пулевски">{{наведена книга|last=Пулевски|first=Ѓорѓија|authorlink=Ѓорѓија Пулевски|title=Славјано-маќедонска општа историја|date=1892 (2003)|publisher=МАНУ|location=Скопје|pages=1-1003|isbn=9989-101-21-3}}</ref>. На крајот на делото, во XI книга се содржани раскажувања за народните односно племињата (соевите) полуостровски кои живеат на Балканот при што Пулевски наведува дванаесетина [[Македонци|македонски]] етнографски групи од различни области и предели на [[Македонија]] како и граматички дел за времињата и падежните облици на различни именки, броеви и зборови<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. За пишување на историјата [[Ѓорѓија Пулевски]] скоро три децении стрпливо собирал материјали, проучувајќи ги достапните извори и литература, при што во текстот постојано се повикува и цитира педесетина автори<ref>{{наведена книга|last=Ристовски|first=Блаже|authorlink=Блаже Ристовски|title=Ѓорѓија М. Пулевски - меѓник во нашата културно-национална историја|url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2a/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%9F%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_-_%D0%BC%D0%B5%D1%93%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%91.%D0%A0%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8.pdf|year=1996|publisher=МАНУ|location=Скопје|pages=20–26}}</ref> меѓу кои познати светски, византиски, руски историчари како Мауро Орбини, [[Михаил Ломоносов|Ломоносов]], Гибон, Дуфресне и др. Во првиот дел Пулевски ги опфаќа и обработува настанокот на [[Македонци]]те и [[Словен]]ите како потомци од Дедо Мосох, шестиот син Јафетов и нивното доаѓање на денешните простори преку Азија и Сарматија при што се осврнува на темите за настарите места и престолнини на [[Македонци]]те и Словените, од што произлегува словенското име, когашен е словенскиот јазик и посебни докази (документи) за славјанско македонската историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Вториот дел го обработува во три посебни книги од кои една насловена како ''Царственик Велики Александров''“ го опфаќа сето влаадеење на [[Александар Македонски]] вклучувајќи голем број вистинити настани, но и фантастични натприродни случки и легенди. Во вториот дел од Историјата се обработени темите за македонските граници (меѓи, синори), основањето на [[АнтичкаКралство Македонија|македонското царство]], подробно кажување за македонските цареви, раскажување за влаадеењето на [[Филип II Македонски]], цела книга за владеењето на [[Александар Македонски]] и раскажување за разделувањето на царството по неговата смрт, поводот и завладувањето на Римјаните со [[Античка Македонија|македонската држава]] и владеењето на римските цареви со [[Македонија]]<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />.
===Мисли и извадоци===
За автохтоноста на [[Македонци]]те како староседелци на [[Балкан]]от: