Габа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
'''Габа''' — [[Еукариота|еукариотски]] [[организам]] што ја дигестира [[Храна|храната]] екстерно и ги апсорбира хранливите [[Молекула|молекули]] во нејзините [[Клетка|клетки]]. Габите се многу значајни економски: [[квасец]]от е одговорен за ферментацијата на [[Пиво|пивото]] и [[Леб|лебот]] и фармите со [[Печурка|печурки]] се голема индустрија во некои земји. Габите се основни [[Разградувач|разградувачи]] на мртвите растенија и живата материја во многу [[екосистем]]и, и вообичаено можат да се видат во стар леб како [[мувла]]. Но, комплексната биологија на габите се проширува многу повеќе од ова вообичаено знаење за нив.
 
[[File:Габи Вргањ.jpg|thumb|мини|лево|Габи печурки од видот Вргањ]]
Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без [[хлорофил]]. Тие се сувоземни форми, иако нивниот развој бара влага. Само најпримитивните од нив живеат во вода. Најголема група претставуваат почвените габи. Други се [[паразит]]и на [[Животно|животните]] или [[Растение|растенијата]]. Трети се наоѓаат на органски отпадоци, производи, [[стакло]], [[дрвесина]]. Воопшто нема материја, над која не би можеле да се развијат габи при присуство на топлина и влага. Телото им е изградено од нишки (хифи). Севкупноста од хифи се определува како мицелиум. Кај пониските [[организам|организми]] мицелиумот е [[Протиста|едноклеточен]]. Кај едни форми [[клетка|клетките]] имаат сферична форма, со едно [[клеточно јадро]] (квасни габи), а кај други мицелиумот има типичен вид - клетката е силно разгранета и повеќејадрена ([[мувла]]). Кај вишите габи мицелиумот е повеќеклеточен и клетките се двојадрени.
 
Ред 39:
 
* [[Столпчести габи]] - Basidiomycetes
[[File:Габи Вргањ.jpg|thumb|мини|лево|Габи печурки од видот Вргањ]]
: [[Печурка|Печурките]] живеат сапрофитски, на изгниените стебла, по кората на дрвјата, во ливадите и пасиштата. Тие формираат големи, лесно забележливи плодни тела, со форма на чадорче со дршка. Речиси кај сите нив [[мицелиум]]от е повеќегодишен. Презимуваат во почва или на дрво и секоја година формираат плодни тела. Плодните тела им се разликуваат според формата, големината, бојата, градбата, конзистенцијата, трајноста. За исхрана се употребува [[полска печурка|полската печурка]] - Agaricus, која расте секаде каде што има природно ѓубре, а се развива од мај до октомври. Кај нас се користи [[шампињон]]от, во свежа и конзервирана состојба. Меѓу печурките има и такви кои се многу отровни и смртоносни за човекот. Најотровна печурка е [[муварка]]та, која на изглед е многу убава и има црвено чадорче со бели даммки.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Габа