Разлика помеѓу преработките на „Имхотеп“

Додадени 4 бајти ,  пред 13 години
с
нема опис на уредувањето
с (Бот Додава: sr:Имхотеп)
с
Две илјади години по неговата смрт, Имхотеп бил прогласен за [[бог]]. Станал бог на [[медицина]]та и [[лечење]]то. [[Стара Грција|Старите грци]] го поврзувале со [[Асклепиј]].
 
Како „син на Иан“, понекогаш се сметало дека мајка му била [[Сехмет]], мажена за Пта, бидејќи била заштитник на [[Горен Египет]]. Бидејќи се сметал за изумител на лечењето, некаде се вели дека е оној кој ја воздигнал [[Нут (божица)|Нут]] ([[апотеоза]] на небото), бидејќи се сметало дека поделбата на Нут и [[Геб]] (апотеоза на земјата) било она кое го држело [[хаос]]от настрана. Заради ова понекогаш се велело дека е син на Нут. Во уметноста тој се поврзува со [[Хатор]], жената на [[Ра]], со [[Маат]], концептот на вистината и правдата, и со [[Аменхотеп, син на Хапу|Аменхотеп, синот на Хапу]], кој бил уште еден архитект воздигнат до божество.
 
Во еден натпис од Горен Египет кој датира од Птоломејскиот период, се зборува за седум годипшен глад за времето на Имхотеп. Според овој натпис, на тогашниот фараон Џосер му се јавил на сон Нилскиот бог. Се смета дека Имхотеп го решил гладот. Заради ова постојат многу коментари за паралелноста на оваа приказна со онаа за Јосиф во Билбијата. <ref> Vandier, ''La Famine dans l Egypte ancienne''</ref>. Оваа паралела во последно време доведува некои алтернативни историчари до заклучок дека Јосиф е всушност самиот Имхотеп, и дека ова се должи на грешна хронологија заради поминатите илјадници години. <ref>Emmet Sweeney, ''The Genesis of Israel and Egypt'', London, 1997</ref>.