Време без војна (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 30:
 
==Содржина==
Фидан е млад човек кој живее и работи во градот<ref name="Петковска">{{наведена мрежна страница|url=http://www.maccinema.com/Catalog.aspx?p=94|title=Време без војна|last=Петковска|first=Васја|year=2012|publisher=Кинотека на Македонија|language=македонски|accessdate=7 март 2016|location=Скопје}}</ref>. Неговиот татко Дичо, селанец и борец во војната и во револуцијата, по војната ја застапува идејата за колективизација и индустријализација на селото<ref name="Петковска" />. Искрено верувајќи и работејќи на тоа, Дичо се судрува со повеќето од селаните, но најжестоко се конфронтира со својот добар пријател, соборец и побратим Лазар<ref name="ЕнциклопедијаПетковска" />. По пропаѓањето на задругарството, Дичо заминува од селото. По неговата смрт Фидан, исполнувајќи ја татковата желба, го погребува во родното село. Престојувајќи таму, Фидан се обидува да се пронајде себеси во новата средина, во новиот ангажман со сточарството, кој за него значи голем предизвик, како и во контактите со нови лица<ref name="Петковска" />. Тука доживува и нова љубов со девојката Благуна, ќерка на Лазар, која наскоро станува негова жена. Иако изложен на недовербата на соселаните, Фидан со сиот елан се занимава со одгледувањето на овците. Но, законите на пазарот се немилосрдни и во тие услови не е можна реализација на неговата замисла. Враќањето на Фидан на татковото огниште не му го донесува бараниот мир ниту, пак, нова содржина во животот<ref name="Петковска" />.
 
==Награди==