Петар Делјан: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Востанието на Петар Делјан: ситна поправка |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 44:
== Востанието на Петар Делјан ==
Откако Петар Делјан бил назначен за цар, на пат кон Македонија наидувал на поддршка од населението против византиската власт. За брзо време бил освоен градот [[Скопје]] и востанието се проширило на поголемиот дел на територијата на Македонија. Востанието на Делјан директно влијаело врз востанието против византиската власт во градот [[Драч]], на чело на ова востание бил [[Словени|Словенот]] ''Тихомир''<ref name=BB130>''Byzantium's Balkan frontier'', p. 130</ref> . Делјан плашејќи се од судир за превласт меѓу двете востанија предложил здружување на двете војски. Војниците на Тихомир отишле на страната на Делјан и го каменувале Тихомир до смрт. Во текот на собирањето на моќна војска на страната на Петар Делјан се приклучиле востаници од соседните земји
[[Податотека:Skylitzis Chronicle VARANGIAN GUARD.jpg|
Дезоорганизираните востаници не биле во состојба да дадат доволно голем отпор и Византија во [[1041]] го задушила востанието по решителната [[Островска битка]] одиграна кај [[Острово]], [[Воденско]]. Тука, византиските сили, во голема мера потпомогнати од [[викинзи|викиншкa]] платеничка војска на чело со идниот норвешки крал [[Харалд III (Норвешка)|Харалд III]] (Харалд Суровиот). Иако бил слеп, Петар сепак ги предводел востаниците против [[Ромеи]]те и [[Викинзи]]те. На ова е обратено внимание во една стара нордиска [[сага]] посветена на делата на Харалд. Армијата на Делјан не успеала да ги надвладее Викинзите. Според разни извори, по задушувањето на востанието и заземањето на неговите [[замок|замоци]], Петар Делјан бил заробен и испратен во заробеништво во [[Цариград]], каде веројатно набргу умрел.
|