Мачуково: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 44:
==Население и историја==
[[Податотека:Izvestaj za ubistvo na selani vo selo Machukovo.JPG|мини|Извештај од Балугџиќ за убиствата на чифчиите во с. Мачуково на имотот на Шехим Хануми, поради тоа што ја паселе стоката на пасиштата, кои одамна се селска сопственост. (Солун, 5 март 1910)]]
Мачуково во минатото било едно од најголемите македонски села во гевгелиско-кукушкото подрачје, па дури своевремено било поголемо и од [[Гевгелија]], но по отворањето на железничката пруга [[Солун]] - [[Скопје]] - [[Белград]] почнало да опаѓа за сметка на [[Гевгелија]]<ref name="Симовски" />. Во 1900 година [[К'нчов]] го споменува со 1.300, а [[Димитар Мишев|Бранков]] во 1905 година со 1.312 жители - [[Македонци]], додека Милоевиќ го запишал со 200 македонски куќи<ref name="Симовски" />. Селото многу настрадало во [[Балкански војни|двете Балкански војни]] и [[Прва светска војна|Првата светска војна]], кога во есента 1916 година, бидејќи тука минувала фронтовата линија, било присилно раселено<ref name="Симовски" />. Делумно било обновено по нормализирањето на состојбата<ref name="Симовски" />. Во пописот од 1913 година Мачуково се води како преполовено со само 511 жители, а во 1920 година со 313 жители, бидејќи поголемиот дел од неговите жители уште пред балканските војни се преселиле во Гевгелија, а подоцна поголем број од нив се иселиле во [[Бугарија]], како и обратно извесен број гркомански макеоднски семејства од гевгелиските села се преселиле во Мачуково<ref name="Симовски" />.Селото повторно почнало да расте по 1924 година кога грчките власти населиле поголем број доселенички семејства, претежно од [[Понд]] и [[Кавказ]], а поради поставувањето на државната граница Мачуково било отсечено од Гевгелија<ref name="Симовски" />. Исто така, според записите на Стојан Киселиновски во неговата книга „Етничките промени во Македонија (1913-1995) до [[1922]] година селото било населено исклучиво со [[Македонци]], кои поради грчкиот терор и насилно иселување, се имаат преселено преку границата во [[Гевгелија]], [[Моин]], [[Богородица]] и другите гевгелиски села сместени блиску до граничната линија. Во натамошните пописи бројноста на населението на Мачуково се движела: 1928 г. - 711 жители, 1940 г. — 871 жител, 1951 поради конентрацијата на ители од околните села кои поради граќанската војна се собрале во Мачуково и сѐ уште не биле вратени во своите села е заведено со 1.251 жител, во 1961 г. бројот се намалува на 907, 1971 г. - 847 жители, 1981 г. -1.082, додека во 1991 година се попишани 833 жители<ref name="Симовски" />. Денес, Мачуково има околу 300 жители потомци на грчки доселеници, Маџири (колонизирани во периодот на [[1913]] - [[1922]]) кои најчесто се вработени во граничните и царинските служби на граничниот премин кон [[Република Македонија|Р. Македонија]].
 
{{Пописи-ЕМ|871|1251|907|847|1082|833|568|331}}
 
== Самоуправа и политика ==