Леонид Јанков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 15:
=== Потекло ===
 
Јанков е роден на [[10 март]] [[1878]] година во село [[Мачуково]], [[Гевгелиско]] (денес во [[Кукуш (округ)|Кукушкиот округ]], [[Егејска Македонија]]) од татко Трајко и мајка Ката. Селото Мачуково, кое се наоѓа на 4 км од Гевгелија, во втората половина на 19. век било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. Со развојот на чифлигарството во [[Македонија]], започнува процесот на претварање на македонските селани во чифлогари.
 
Најголемиот чифлик-сајбија кој го држел Мачуково и половина Гевгелија била една жена, позната под псевдонимот Анмката. Османлиската бруталност предизвикала омраза, огорченост и спротивставување и со оружје со цел да се заштити честа и достоинството на селаните. За таа селаните си поставиле чувари за заштита на своите имоти таканаречени падари. Еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти, во почетокот на 20. век бил и Леонид Јанков.