Павел Недвед: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
Недвед беше движечка сила водејќи го Јувентус до финалето од лигата на шампиони против Милан во 2003-та година,но беше принуден да пропушти финалето поради добиени два жолти картони, по стартот на фудбалерот на Реал Мадрид [[Стив Мекманаман]] во полуфиналето. На крајот на годината тој ја добил наградата за Европски фудбалер на годината.
 
[[Податотека:Nedved vs Chinese Olympic Team.jpg|thumb|right|300px|Недвед во дресот на Јувентус во 2007.]]
Во сезоната 2005-06 кога Јувентус доживеа испаѓање од [[Серија А]] поради скандалот Калчополи (скандал за наместени натпревари), иднината на Недвед како играч на Јувентус беше тема на длабока дискусија. По светското првенство, тој ги поби тие гласини со изјава дека сака да му помогне на својот тим да се промовира во Серија А. Сепак тоа беше бурна сезона за чешкиот интернационалец. Со договор од траење од една година, тој посочи дека ќе се пензионира наполно на крајот од сезоната. Тој ја повтори таа закана по казната од 5 натрпевари неиграње поради црвениот картон добиен на 1-ви декември. И покрај тоа, тој остана во клубот до крајот на сезоната. Тој заедно со своите блиски колеги ветерани [[Давид Трезеге]] и [[Алесандро Дел Пиеро]] постигнаа 47 гола од 83-те гола постигнати во [[Серија Б]] каде успеаја да влезат во [[Серија А]] уште во првата сезона. Во текот на сезоната 2007-2008, Недвед играше често за црно-белите давајќи придонес како прв избор на Јуве за лево-крилната позиција. Сепак тој беше склон на контроверзности. Недвед поради стартот над португалскиот фудбалер на Интер [[Луис Фиго]], беше негативно оценет бидејќи му нанесе скршеница на фибулата. Недвед одигра добра сезона во враќањето на Јуве на старите патеки, но постигна само два гола. Во текот на сезоната 2007-08 во Серија А, Недвед доби слаб потрес на мозокот што го оттргна од теренот околу еден месец. Го поврзуваа со трансфер во јапонскиот [[Јубило Ивата]] во текот на трансфер прозорецот во 2008-09, но гласините брзо беа отфрлени откако тој ја посвети својата иднина на Јувентус за уште една година откако потпиша продолжување на договорот на една година што ќе ги осигураше неговите услуги до јуни 2009-та година.