Христо Крстевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q639441 (translate me)
с Додадов информации во врска со биографијата на авторотм како и посебен дел за неговата литература
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Hristo Krstevski.jpg|thumb|180x180px]]
'''Христо Крстевски''' е [[Македонци|македонски]] [[раскажувач]], [[романсиер]] и [[есеист]].
'''Христо Крстевски (1941-2013)''' е [[Македонци|македонски]] [[раскажувач]], [[романсиер]] и [[есеист]]. Тој е роден во 1941 година во Струмица, Македонија. Неговите најдлабоки професионални и лични занимавања се музиката и литературата. Тој бил виолинист, пејач, композитор, новинар, поет, писател. Уште од 1982 година, кога господинот Крстевски го издадел својот прв роман „Жестина“, тој добил многу позитивни критики од страна на читателите, како и од литературните критичари. Од тогаш интензивно објавувал романи, кратки раскази и есеи. Во неговиот стил доминираат елементите на пост-модернистичкиот период, посебно во неговите последни достигнувања.
 
== Биографија ==
Крстевски е роден во [[Струмица]] на {{роден на|8|март| Март 1941}} година. Завршил [[Филолошки факултет во Скопје]]. РаботиРаботил во Собранието на [[Штип]]. Член на ДПМ од [[1989]] година. Автор е на книгите: Жестина (роман 1982), Раскази од Равен (раскази, 1985), Лавиринти (есеи, 1987), Тереза Хум (роман, 1988), Циганско лето (роман, 1990), Нови ветришта од Равен (раскази, 1991), Кралицата на гроздобер (роман, 1992), Виртуоз (роман, 1994), Скротителот (раскази, 1994), Карневалите во Македонија (студија, 1994), Звучна игра (роман, 1997), Роттен маре а новел (роман, 2000), Гнила кобила (роман, 2000). Добитник е на наградата „Ѓурѓа“.
 
'''1941.''' Во семејството на просветните работници - селски учители, во Струмица се раѓа како второ дете, од вкупно петте. Тоа се години на II-та светска војна, полни со немири, страв и глад. Детален опис може да се најде во неговиот роман ,, Виртуоз";
 
'''1948.''' Тргнува на училиште во Струмица. Неговата прва учителка се вика Александра Гаврилова;
 
'''1949'''. Селидба во Штип. Татко му е главен инспектор на Околискиот одбор за школство. Живее во маалото Стар Конак. Учителка, Костадинка Балабанова;
[[File:Слика_од_авторот.jpg|link=https://www.mediawiki.org/wiki/File:%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82.jpg|thumb|280x280px]]
'''1956.''' Заминува за Скопје, во средното музичко училиште Илија Николовски - Луј. Учи виолина кај Крстевски и Барили и го примаат веднаш во првата година без задолжителните две подготвителни. Има и јавни настапи нешто подоцна. На еден од нив го свири првиот став од виолинскиот концерт на Менделсон, во е-мол;
 
'''1956.''' Поради исклучително тешките услови во домот кај Треска, тој е принуден да го напушти училиштето и се враќа назад во родителскиот дом. Кон крајот на школската година, тој е исклучен од гимназијата Јане Сандански поради недисциплина. Претходната година од таму е исклучен и неговиот другар Ристо Шишков, од исти причини, а тој подоцна станува славен актер. Истата година, засекогаш ја напушта Струмица, заедно со целото свое семејство;
 
'''1958.''' Преселба во Скопје. Поради неговиот пејачки талент, тој е забележан на едно младинско натпреварување во Охрид од Бојан Адамиќ и по препорака на легендарниот маестро станува пејач на радио Скопје, истата година. Истовремено учи во гимназијата Јосип Броз Тито и повторно ги посетува часовите во средното музичко училиште, кое се наоѓа токму од спротивната страна на улицата Илинденска;
 
'''1961.''' На фестивалот Златен Микрофон во Белград ја претставува Македонија и успева да се пробие до финалето помеѓу 60-тина пејачи од Југославија. Во финалето заедно со Лола Новаковиќ, Аница Зубовиќ, Нада Кнежевиќ, Тереза Кесовија, сенка Велетанлиќ и други, оставајќи ги зад себе големите имиња од естрадата, Душан Јакшиќ, Цуне Гојковиќ, Нина Спирова и други. Се редат години на успеси и патувања. Сепак, во срцето носи грутка, бидејќи постојано го грепка јанѕата околу сериозната музика. Го пишува текстот за „Еден бакнеж“, „Ноќеска шумеа брезите“ и други познати мелодии од тоа време;
 
'''1969.''' Пее на скопскиот фестивал на забавни мелодии и со леснотија решава таноците музички ноти да ги замени со строгите научни студии од книжевност на филозофскиот факултет во Скопје. Се откажува од своето дотогаш речиси оперетско однесување кон своите творечки афинитети и дефинитивно се обидува да го оствари својот дамнешен детски сон: да живее на некоја висока мансарда и да пишува романи по кои ќе се воздивнуваат чувствителните души на неговите бројни обожаватели.Наскоро дипломира со завиден и натпросечен успех. Следуваат долги години на упорно и темелно студирање, читање и проучување на книжевниот занает. За сето тоа време работи во еден голем текстилен комбинат како пропагандист и патува вдолж и во широчина низ земјата и странство.
 
'''1980'''. Во Белград го нуди својот прв роман на Просвета. Остварува контакти со Митко Манџуков, Момо Капор и со низа други познати писатели. Се допишува и со Оскар Давичо;
 
'''1982'''. Есента излегуа од печат и романот Жестина. Издавачот Божин Павловски си ги трие рацете од задоволсто што му се исплатил ризикот да печати еден бивш пејач. Ја добива наградата Стале Попов, но по упорното настојуање на еден од петчленото жири (Гане Тодоровски), на тронот се искачува уште еден добитник. Христо Крстевски доброволно се откажува од наградата.
 
'''1982-1990.''' Се редат книгите Раскази од Равен, Лавиринти (есеи), Тереза Хум (роман во мисла) и Наша Книга.
[[Податотека:S predstavljanja Tigra na makedonskom jeziku u Skopju.jpg|thumb|275x275px]]
'''1990.''' Во Македонска книга излегува краткиот роман Циганско лето. Одушевен приказ на д-р Миодраг Дуговац. Несомнен успех кај широката читателска публика.
 
'''1991.''' Победа на конкурсот на Ѓурѓа од Охрид. Расказите Нови ветришта над Равен високодоблесно ги вреднѕва д-р Атанас Вангелов. Сепак, наградата Рацин го одбегнува Христо Крстевски. Неговата “светска проза“ не е по вкус и по мерка на вечните македоснки и патентирани жироносци.
 
'''1992.''' Во Култура излегува Кралицата на гроздоберот. Романот е зналаен за второт поради фактот што е прва, но по волја на околностите, седма објавена книга.
 
'''1994.''' Авторот формира своја сопствена издавачка куќа, наречена Ктитор и ги објавува делата Виртуоз, Звучна игра, Скротителот, Времеубиец, Карневалите во Македонија.
 
'''2000-2010.''' Во тие години, кај разни издавачи(Култура, Детска радост, Македонска реч, Макавеј, Слово, Арлекин и други), излегуваат делата: Гнила кобила, Крајот на векот, Rotten Mare (англиска верзија), Равенска трилогија, Равенски етиди – Азра Морич и каскадерот, Пасија по Матеј, Столбови на модерната, а во одделни изданија, во Хрватска излегува романот Циганско лето (на хрватски), во Бугарија Виртуоз (на бугарски), како и книгата избор од творештвото, под наслов Ветришта над Равен (на англиски) во рамките на едицијата 130 дела на македонската литература. Други книжевни награди: 1991 Ѓурѓа, 2006 Мајка Тереза (Највисока државна награда). Поради сето досега напишано, истакнатиот македонски поет и критичар Бранко Цветкоски напиша: „Веројатно подоцна, од некоја аналитичка дистанца, последната деценија од ХХ век ќе биде прогласена за само негова во развитокот на македонската прозна литература“, а пак според аподиктичкото мислење на д-р Венко Андоновски: „Виртуоз на Христо Крстевски постави нови стандарди на нашата литература во форма на предизвик, кој понатаму можат да го следат само одбраните“.
 
== Литература ==
* Жестина (роман 1982)
* Раскази од Равен (раскази, 1985)
* Лавиринти (есеи, 1987)
* Тереза Хум (роман, 1988)
* Циганско лето (роман, 1990)
* Нови ветришта од Равен (раскази, 1991)
* Кралицата на гроздобер (роман, 1992)
* Виртуоз (роман, 1994)
* Времеубиец (кратки раскази, 1994)
* Скротителот (раскази, 1994)
* Карневалите во Македонија (студија, 1994)
* Звучна игра (роман, 1997)
* Роттен маре а новел (роман, 2000)
 
* Гнила кобила (роман, 2000). Добитник е на наградата „Ѓурѓа“.
* Равенска трилогија (роман / ја добила најзначајната награда на државно ниво „Мајка Тереза“)
* Столбови на модерната (есеи)
* Ветришта над Равен (избрани раскази)
* Љубовници и папагали (раскази)
* Равенски етиди
* Пасија по Матеј
{{Никулец за биографија}}
{{DEFAULTSORT:Крстевски, Христо}}