Разлика помеѓу преработките на „Австралиско-новозеландска епархија“

нема опис на уредувањето
'''Австралиско-новозеландска епархија''' — една од 12-те епархии на [[МПЦ|Македонската православна црква]]. Таа е една од трите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на [[Австралија]], [[Нов Зеланд]] и териториите околу нив. Од [[1995]] година администратор на епархијата е митрополитот [[Преспанско-пелагониска епархија|преспанско-пелагониски]] [[Петар Преспанско-пелагониски|Петар]].
 
==Проблемите во епархијата==
 
Во Австралиско-новозеландската епархија има недоразбирања зa концептот и мислењето на црквите, парохиите и црковните општини, односно меѓу оние што сакаат да имаат литургиски живот и не сакаат да ги мешаат работите што се однесуваат на културниот живот. Во одделни црковни општини не сакаат да посветат внимание на литургискиот живот и на верата и се занимаваат во други активности што за Австралија не се задолжителни да се случуваат во црквата бидејќи има многу одделни друштва и организации што се занимаваат со тие нешта. Станува збор за две концепции на луѓе што се организирани во црквите и црковните општини - едните што сакаат да бидат и да останат како компании и инкорпорирани асоцијации, а другите што сакаат имотот на црквите да биде во доверба на Македонската православна црква. Поради тоа голем дел на црковни општини не го прознаваат Петар за митрополит и се водат самите себе. Поради тоа МПЦ-ОА на еден собир свикан во 2012 година донел одлука епархијата да се подели на 2 посебни епархии. Едната би го задржала името, а другата би се викала Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија. Со двете епархии би раководел еден митрополит. Ова решение е сеупте во мирување.<ref>[http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9612857482&id=9&setIzdanie=22673 ''МПЦ ја подели Австралиско-новозеландската епархија'']</ref> Подоцна едната епархија е наречена Австралиско-сиднејска.
==Цркви==
Епархита е доста активна и има големо членство. поделена е на 7 намесништва и има 3 манастири.