Мормонизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Мормонизмот е религија која ја практикуваат [[Мормони]]те, и доминантна верска традиција на движењето Светци од последните денови. Ова движење го основа [[Џозеф Смит]] на почетокот на [[1820]], како облик на христијански примитивизам. Во текот на [[1830]]-тите и [[1840]]-тите, мормонизмот постепено се оддалечува од традиционалниот [[протестантство|протестантизам]]. Мормонизмот денес претставува нова, непротестантска религија која влечи корени од проповедите на Смит од 1840-тите. После неговата смрт, поголемиот број Мормони го следат Бригам Јанг до [[Карпести Планини|Карпестите Планини]], како на пример Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден. Во друга гранка на мормонизмот спаѓа мормонскиот фундаментализам, кој настојува да ја задржи практиката и основата на тоа движење (како што е [[полигамија]]та). Изразот Мормон потекнува од Мормоновата книга, една од светите писма на оваа религија. На основата на таа книга раните следбеници се нарекувани Мормони, а верата Мормонизам. Терминот првобитно се сметал за навредлив, но повеќе не се смета (иако Мормоните повеќе сакаат да се нарекуваат светци од последните денови). Мормонизмот го дели заедничкиот собир на верувања со остатокот на движењата Светци од последните денови, вклучувајќи користење и верување во [[Библија]]та, како и други верски текстови, вклучувајќи ја и Мормоновата книга и Доктрини и завети. Мормонизмот го прифаќа Драгоцениот бисер како дел од својот свет канон, како и проповедањето на вечен брак, вечно напредување, и повеќечлен брак (иако Црквата на Исус Христос на светците од последните денови ја напуштила полигамијата во почетокот на [[20 век]]).
 
'''<u>ВЕРУВАЊА НА МОРМОНИТЕ</u>''':
 
'''Полигамија''' - во почетокот на нивното постоење, мормоните можеа да имаат повеќе од една жена и тоа го практикувале додека не се донесе закон во САД против полигамија. оваа пракса доаѓа од нивното верување дека Бог порано бил човек кој прогресирал да стане бог на друга планета каде имал многу жени и извршил популација на таа планета. (учење на нивниот пророк Џозеф Смит)
 
'''Сите се слични на бог''' - Ова е нивното верување денес, дека сите раси се еднакви и можат да се спасат,
 
но во почетокот не беше така. Мормоните не смееја да одат да убедуваат афроамериканци да станат мормони, и не им било дадено право да влезат во свештенството до 1978год. после оваа година таа доктрина се менува.
 
'''Крштевање за мртвите''' - мормоните веруваат дека можат да се крштаваат за оние кои умреле.
 
'''Бог на почетокот бил човек''' - Бог порано бил човек кој прогресирал да стане бог (''Teachings of the Prophet Joseph Smith,'' p. 345)
 
'''Секој човек може да стане бог''' доколку живее според верувањето на мормоните
 
'''Исус бил зачнат преку сексуален однос со бог кој постои во човечко тело -''' Ова е запишано во (''Mormon Doctrine,'' by Bruce McConkie, p. 547).
 
'''Исус е духовен брат на Луцифер''' - ''Gospel Through the Ages'', p. 15
 
'''Архангел Михаил и Адам се една иста личност''' учење на Brigham Young, денес велат дека погрешно го разбрале неговото учење, но Brigham Young бил јасен кога го напишал своето верување за Адам.
 
{{Христијанство-никулец}}