Црква „Свети Апостоли“ (Цариград): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49:
Во текот на [[Четврта крстоносна војна|Четвртана крстоносна војна]] и [[Опсада на Константинопол (1204)|падот на Константинопол]] во 1204 година, историчарот [[Никита Хонијат]] напишал дека крстоносците ги ограбиле императорските гробници, заедно со голема количина на злато и скапоцени камења. Не бил поштеден ниту гробот на [[Јустинијан I]]. Гробот на [[Ираклиј]] бил отворен и неговата златна круна била украдена. Дел од овие богатства биле однесени во Венеција, каде денеска се наоѓаат или во музејот во Венеција или во [[Базилика Свети Марко (Венеција)|базиликата Свети Марко]]
 
Кога [[Михаил VIII Палеолог]] го повратил градот од крстоносците, тој подигнал статуа на Архангел Михаил во црквата за одбележување на настанот. Во времето на [[Андроник II Палеолог]], црквата била обновена. но по ова следувало зазимањезаземање на градот од страна на [[Османлии]]те.
 
По зазимањетозаземањето на градот во [[1453]] година, [[Мехмед II]] главната катедрална црква Аја Софија ја претворил во [[џамија]], и му наредил на грчкиот патријарх Генадиј да се пресели во оваа црква, станувајќи административен центар на Грчката Православна црква. Но во областа околу црквата на светите апостоли многу бргу се населиле Турци, па непријателството се зголемило поради добрата локација на христијанската црква. Главно поради ова, седиштето на Вселенската Патријаршија било пренесено во [[Манастир Богородица Памакаристос|манастирот Богородица Памакаристос]] во областа [[Фенер]].
 
Наместо да ја претвори оваа црква во џамија како многу други, султанот [[Мехмед II]] одлучил да ја разруши целосно и на нејзино место да изгради нова џамија, која денеска се нарекува [[Фатих џамија]], или џамија на Освојувачот.