Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
'''Отоманско-византиските војни''' претставуваат серија од воени конфликти помеѓу [[Отоманци]]те и [[Византијци]]те, кои довеле до конечно распаѓање на Византија како империја и до [[подем на Отоманската империја]].
 
Во [[1204]] година византиската престолнина [[Константинопол]] била окупирена и опседната од страна на крстоносците во рамките на [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]]. ОВа претставувало важен момент на христијанскиот раскол меѓу истокот и западот. Византија по распаѓањето на повеќе земји останала поделена и во хаос<ref>[http://www.historytoday.com/jonathan-phillips/fourth-crusade-and-sack-constantinople The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople], Jonathan Phillips, History Today v 54:5 2004</ref>. Користејќи ја предноста на ситуацијата, Селџуците започнале со освојување на територијата во Западна Анадолија. Како главен нејзин конкурент бил еден од наследничките на Византија, [[Никејско царство|Никејската империја]]. По повторното зазимањезаземање на градот Константинопол во 1261 година од страна на никејскиот император, самата Византија била обновена. Но позициите на Византија на европскиот континент останале многу мали бидејќи на Балканот постоеле големи држави како Бугарија, Србија и Епир. Во следниот период започнале да се намалуваат позициите на Селџуците во Мала Азија, кое довело до распаѓање на империјата на неколку мали емиратства или бејлици. Едно од најсилните кое се покажало во иднина било онаа на [[Осман I|бегот Осман]], кој во [[1299]] година го дал почетокот на неговите идни освојувања<ref>{{цитирана книга |last=Bideleux |first=Robert |coauthors=Ian Jeffries |title=A history of eastern Europe: crisis and change |year=1998 |publisher=Routledge |isbn=0-4151-6111-8 |pages=62 }}</ref>
 
Во рок од 50 години од основањето на [[Османлиска империја|Османлискиот бејлик]], византиска [[Мала Азија]] престанала да постои, додека до 1380 била заземена византиска [[Тракија]]<ref>{{cite book|last=Grant|first=R.G.|title=Battle a Visual Journey Through 5000 Years of Combat|location=London|publisher=Dorling Kindersley|year=2005|page=122}}</ref> а веќе во 1400-тите години, Византија се наоѓача во делови на МОреја, неколку егејските острови и дел од Тракија во непосредна близина на главниот град. По [[Битка кај Никопол|Никополската битка]], инвазијата на [[Тимур]] во [[1402]] година и последната крстоносна [[Битка кај Варна|војна кај Варна]] во [[1444]] година, [[Османлии]]те во [[1453]] година започнале успешна [[опсада на Константинопол]] кое резултирало со конечно распаѓање на [[Византија]].
Ред 52:
Во [[1346]] година, императорот [[Јован VI Кантакузин]] го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежества. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во [[1346]] година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник Умур<ref>Paul LEMERLE, L'Emirat d'Aydin. Recherches sur la Geste d'Umur Pacha, Paris (1957)</ref>. По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Константинопол воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчари<ref>A.A.M. BRYER, „Greek Historians on the Turks: the Case of the first Byzantine-Ottoman marriage". In: R.H.C. DAVIS, J.M. WALLACE-HADRILL (eds.), The Writng of History in the Middle Ages. Essays Presented to Richard William Southern, Oxford (1981)</ref>. Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Константинопол и по шест дена се прогласил за нов император. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар [[Стефан Душан]] ја зазел [[Тесалија]]. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале османлиите и оствариле голема победа.
 
Во 1352 година повиканата од Кантакузин подкрепа на синот му зазимазазема тракиската тврдина Цимпе. Јован се обидел оваа тврдина да ја одзеде од Орхан, на кое тој му рекол дека не тој, а неговиот син Сулејман ја зазел тврдината. Како резултат на ова, императорот испратил голема војска а од друга страна истото го сторил и Орхан. Во тоа време, [[Сулејман Паша]] бил во Пеге, на анафолскиот брег од [[Мраморно море]], каде дознал за големиот [[земјотрес]]. Тој ги преминал [[Дарданели]]те и ги населил полупразните градови со муслиманско население. Според Матео Вилани, османлиите во тоа време ја направиле и првата [[опсада на Константинопол]] која траела многу кратко.
 
Византискиот император му се обратил на Орхан да неговиот син Сулејман ги врати одземаните градови, на кое Орхан одговорил дека тие градови не биле заземани со сила. По интензивни преговори, султанот наредил на својот син да се повлече а за возврат да добие 40.000 златни монети. За да се потврди договорот двајцата владетели требало да се состанат во денешен Измит но до тоа не дошло бидејќи Орхан наводно се разболел, а тракиските градови во крајна сметка останале под власта на османлиите. Кон крајот на 1354 година византискиот императот абдицирал. Така, [[падот на Галиполи]] заедно со тврдината Цимпе станале првите заземани места на османлиите во Европа<ref name=oxford-268>''Oxford History'', p. 268</ref><ref>Madden, p. 182</ref>.