КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 43:
 
==КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд==
КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски фонд) е називот на задолжителниот пензискиот фонд кој е основан и управуван од страна на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. На [[31 декември]] [[2013]] година, во овој фонд членувале 183 711 лица.<ref>[http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1520&lang=1&uc=1&par=0 Комерцијална банка - Скопје]</ref> Една година подоцна, во фондот членувале 195.358 осигуреници, кои во фондот имале акумулирано заштеди од вкупно 288 милиони евра.<ref>„Пензиските друштва им заработија 100 милиони евра на идните пензионери“, ''Дневник'', година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 7.</ref> На крајот од [[2015]] година, во задолжителниот пензиски фонд членувале 198.402 осигуренци чии вложиле во фондот вкупно 347 милиони евра.<ref>„До крајот на март 198.402 граѓани ќе добијат извештај за пензиската заштеда од КБ прво пензиско друштво“, ''Дневник'', година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 8.</ref> Во периодот [[31 декември]] [[2006]] - 31 декември [[2013]] година, на инвестираните средства на КБ прв отворен задолжителен фонд бил остварен просечен номинален принос од 5,41%, или просечен реален принос од 2,37%.<ref>Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.</ref> Набљудувано во периодот од 31.12.2007 година до 31.12.2014 година, фондот остварил просечен годишен принос од 5,21% (номинално), т.е. 3,05% (реално).<ref>Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.</ref>
Прв задолжителен пензиски фонд го сочинуваат уплатените средства од придонесите на неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, и приносот од инвестиициите. Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови, а нивните поединечни сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во фондот. Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се целосно издвоени од средствата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и се доверени на чување на банката-чувар на имот. Ова подвојување на средствата е направено со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата. Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на КБ Прво пензиско друштво или во нивно име.