Разлика помеѓу преработките на „Платен промет“

Додадени 1.224 бајти ,  пред 4 години
дополнување
с (Bot: Migrating 8 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q986008 (translate me))
(дополнување)
 
Сепак, во сите земји, најголем дел од вкупната вредност на плаќањата се извршува по електронски пат: на пример, луѓето плаќаат за купените производи со помош на картички; плаќањата меѓу претпријатијата се вршат со електронски пренос на парите од една на друга сметка; а, во поново време, плаќањата се извршуваат и преку [[интернет]]. Овие безготовински форми на плаќања, вообичаено, имаат помало учество во бројот на трансакциите, но доминантно учество во вкупната вредност на плаќањата (90% и повеќе).<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 336.</ref>
==Реформата на платниотПлатниот промет во Македонија==
Обемот на плаќањата во [[Македонија]] бележат нагорен период во периодот [[2005]]-[[2015]]. Така, во 2005 година биле реализирани 21,3 милиони налози за плаќање, со просечна вредност од 279.497 [[денар]]и, додека во 2015 година се реализирале 65,7 милиони налози, со просечна вредност од 670.868 денари.
 
 
==Реформата на платниот промет во Македонија==
''Табела бр. 1: Вредност на остварениот платен промет во Македонија, 2005-2015''<ref>Александра Филиповска, „Во прометот се свртеле над 84 милијарди евра“, ''Дневник'', година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 8.</ref>
{| class="wikitable"
|-
! Година !! Платен промет (во мрд. евра)
|-
| 2005 || 25,7
|-
| 2006 || 31,1
|-
| 2007 || 42,3
|-
| 2008 || 52,6
|-
| 2009 || 46,9
|-
| 2010 || 52,5
|-
| 2011 || 58,3
|-
| 2012 || 69,8
|-
| 2013 || 75,8
|-
| 2014 || 79,9
|-
| 2015 || 84,7
|}
 
===Реформата на платниот промет===
Иако платниот промет е една од најстарите функции на банките, до [[2001]] година, македонските банки воопшто не ја извршувале оваа функција, зашто платниот промет бил организиран во една државна специјализирана институција, која долго време се викала „[[Служба за општествено книговодство]]“ ([[СОК]]), а во [[1990]]-тите го сменила името во „[[Завод за платен промет]]“ ([[ЗПП]]). Притоа, сите претпријатија, институции и банки имале по една сметка, која се водела кај оваа државна агенција, а истовремено нивните сметки биле поврзани со [[депозит]]ите во банките. Платниот промет се извршувал така, што претпријатијата поднесувале налози за плаќање во СОК (ЗПП), која ги извршувала плаќањата преку безготовински пренос на парите од една на друга сметка. На крајот од работниот ден, СОК (ЗПП) им праќала известување на претпријатијата и на банките за извршените плаќања и за состојбата на сметката.
 
* инструменти за исплата на готовина итн.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 336-338.</ref>
 
===Платен промет на мало===
''Платниот промет на мало'' (retail payments) се однесува на плаќањата што гласат на помали износи и ги опфаќа трансакциите на населението и поголемиот дел од плаќањата меѓу претпријатијата. Овие плаќања се вршат со помош на готови пари, чекови, картички и со електронски пренос на парите. Во [[2007]] година настапи пресврт во платниот промет на мало во Македонија, кога вработените во [[јавeн сектор|јавниот сектор]] започнаа да ги добиваат платите на сметки поврзани со [[дебитнa картичкa|дебитни картички]]. Оттука, употребата на готовите пари значително опадна, така што на крајот од [[2010]] година, учеството на готовите пари во [[парична маса|паричната маса]] М1 се сведе на 30%, што претставува намалување од 22 процентни поени во споредба со [[2003]] година. Во продолжение, во 2007 година дојде до уште една голема промена: чековите, кои во минатиот период беа многу привлечен инструмент за плаќање, наеднаш речиси исчезнаа за сметка на брзиот растеж на банкарските картички. Така, во декември 2010 година беа остварени речиси 3 милиони трансакции со картички, чија вредност изнесуваше речиси 10 милијарди денари.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 338.</ref>
 
Платниот промет преку овој систем се врши на следниов начин: кога клиентот на банката ќе даде налог за плаќање во полза на некое лице кое има сметка во друга банка, банката го проследува налогот за плаќање до КИБС. Меѓутоа, во тој миг не се врши конечно пла-ќање, туку само се врши размена на пораки за плаќањата од една кон друга банка. Така, во текот на работниот ден, сите банки ги доставуваат своите налози за плаќање и на крајот од денот се врши пресметка на сите приливи и одливи, одделно за секоја банка, и така се утврдува нето-состојбата на сметката на секоја банка. На крајот од денот, сите налози за плаќања меѓу банките меѓусебно се пребиваат и се добива салдото на сметката на секоја банка, кое покажува дали во текот на работниот ден банката имала повеќе уплати од исплати или обратно. Оваа разлика оди на порамнување кај платниот систем во централната банка и најдоцна во рок од еден час по извршената пресметка, банките со нето-одлив врз основа на плаќањата се должни, од својата сметка кај централната банка, да го уплатат наведениот износ во полза на сметката на КИБС, а потоа од тие [[пари]] се врши уплата на сметките на банките кои имале нето-приливи. На тој начин, на крајот на работниот ден, сметките на сите банки во КИБС треба да се сведат на салдо нула, бидејќи овие сметки служат само за пресметка, т.е. за потребите на пребивањето. Меѓутоа, ако некоја банка нема доволно пари на својата сметка кај централната банка, тогаш нејзините налози за плаќање не може да се извршат и затоа во КИБС не се вршат конечни плаќања.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 338-339.</ref>
 
===Платен промет на големо (МИПС)===
''Платниот промет на големо'' (wholesale payments) ги опфаќа плаќањата што гласат на големи поединечни износи и тој се извршува преку платниот систем кај централната банка - МИПС. Станува збор за целосно автоматизиран систем на порамнување (settlement) со електронски налози за плаќања, организиран од централната банка. Учесници во овој систем се банките, државниот трезор, КИБС, [[Централен депозитар на хартии од вредност|централниот депозитар на хартии од вредност]] и клириншката куќа за плаќање со картички КаСис, кои се поврзани со МИПС преку [[СВИФТ]] или преку приватна мрежа. Во 2009 година, преку МИПС беа извршени 4,7 милиони налози во вредност од 1 392 милијарди денари, што претставува учество од околу 10% во вкупниот број трансакции и дури 52% во вкупниот платен промет.