Галилео Галилеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
Во 30-тите години на 17 век, додека бил во домашен притвор поради подржувањето на хелиоцентричната теорија на вселенските тела, Галилеј направил низа огледи, меѓу кои најпознат е оној со топките што ги тркалал низ два накосени дрвени жлеба.
Тркалајќи ги топките по накосувањето, на Галилеј му било овозможено на разумна мера да го забави забрзувањето на предметите во падот. Мерејќи го времето за кое топката поминува одредена оддалеченост низ патеката, можел да го пресмета забрзувањето, а менувајќи го накосувањето, можел да го смени и забрзувањето. За проучување на намалувањето на брзината, тој ја стркалал топката низ една патека и и дозволил да се качи по патека спроти неа. Галилеј немал часовник, но смислил гнијален начин да го мери времето според сопствениот пулс или според количеството вода исфрлена од садот додека топката преминувала одредена оддалеченост.
Галилеј сфатил дека во забавувањето на предметите клучно е дејството на триењето. Предметите немаат природна тенденција за забавување туку токму спротивното: предметот во движење ќе се движи со иста брзина доколку нешто не го забави, а обично таа сила е триењето. Всушност, Галилеј сфатил дека не постојат вистински разлики меѓу предметот што се движи со иста брзина и предметот што воопшто не се движи – на ниту еден не дејствуваат сили. силата е потребна да го забрза предметот, да го забави или да го придвижи. Ова е принцип на [[инерција]] – тенденција на предметот да не реагира на промената во движење, без оглед дали се движи или мирува. Галилеј исто така увидел дека е невозможно да се разликува предметот во постојано движење од тој што мирува без одредена точка; ова мислење претставува основа на [[Теорија на релативитетотрелативноста|теоријата на релативитетотрелативноста]] на [[Алберт Ајнштајн|Aјнштајн]] во почетокот на 20 век. Галилеј подоцна утврдил дека стапката на забрзување зависи од моќта на силата и тежината, т.е. масата на предметот чие движење се забрзува.<ref name="a"/>
Концептот на инерцијата го решил проблемот со стрелата. Стрелата лета иако инерцијата е доминантна, но гравитацијата постојано ја влече надолу. Галилеј покажал дека спојот на инерцијата и гравитацијата значи дека патеката на проектилот, на пр. на стрелата низ воздухот, ќе биде крива линија позната како парабола. Влијанието на воздушниот отпор е да ја забави стрелата така што таа ќе падне. Идеите на Галилеј биле огромен чекор напред во разбирањето на силата на движењето, и претставувале темел за работата на [[Исак Њутн]] и неговите три [[Њутнови закони|закони за движењето]]. Првите два [[Њутнови закони|закони на Њутн]] се всушност преправено откритие на [[инерција|инерцијата]] на Галилеј и на сфаќањата дека забрзувањето зависи од релативната димензија на силите и на предметите, односно масата на предметите. Така откритијата на Галилеј се во основата на нашето знаење за буквално секое движење во вселената, од движењето на атомите до кружењето на галаксиите.<ref name="a"/>
==Натамошни истражувања==