Разлика помеѓу преработките на „Валериј Софрониевски“

с
replace archive.today -> archive.is (domain archive.today blocked by onlinenic)
с (→‎Надворешни врски: Promena na adresa na nadvoresna vrska.)
с (replace archive.today -> archive.is (domain archive.today blocked by onlinenic))
== Интересни факти ==
[[Податотека:Grne.jpg|220px|лево|thumb|<center>Плакат за претставата „Грне“ од Плаут во режија на В. Софрониевски</center>]] Mалку е познато дека како резултат на исклучителната посветеност и ангажираност на Софрониевски во наставната и образовната дејност, во текот на [[2000-ти|првото десетлетие од овој век]] на [[Институт за класични студии|Институтот за класични студии]] биле реализирани повеќе интра и екстракурикуларни проекти, организирани и направени за или создадени од самите студенти. Овие вонредни активности, во вид на разни перформанси, изложби, читања, теренски настави, празничен прием на студенти, рецитации, претстави и сл., во голема мера го збогатиле студентскиот и академскиот живот и го обележале споменатиот период како еден од најактивните и најпродуктивните на [[Институт за класични студии|Институтот за класични студии]]. Од овие проекти бездруго е вредно да се спомене препевот на [[Тит Макциј Плаут|Плаутовата]] комедија ''Грне'' што, под менторство на проф. Софрониевски, го направиле студенти од [[Институт за класични студии|ИКС]] и според кого, од страна на самите студенти - учесници во проектот, во 2009 година, во рамките на годишната конференција на EUROCLASSICA во [[Охрид]],<ref>[http://community.schule.at/index.php?PHPSESSIONID=&design=euroclassica&url=community&cid=4317&modul=1&folder=90195 Euroclassica Congress 2009]</ref> била изведена и драмска претстава, во режија на Валериј Софрониевски.
Малку е познато дека Софрониевски е автор на првиот македонски [[блог]] посветен на класичната филологија. Под името ГРАММАТА<ref>URL-адресата на овој блог била http://grammata.blog.mk</ref> овој блог се појавил на прагот од 2007 година и од самиот почеток почнал да ги бележи и пренесува бројните случувања, појави и новини од науката, културата, образованието и општествениот живот во земјата и во светот, кои на еден или на друг начин биле во некаква релација со антиката, филологијата, книжевноста, историјата, археологијата, итн. Воедно, овој блог започнал и да ги промовира класичните студии во македонската средина, објавувајќи забавни и интересни содржини под мотото ''Classics - way of life''. Меѓутоа, откако неколку генерации студенти, професори и љубители на антиката израснале со него, во пролетта 2014, поради технички пропуст, од [[семрежје|меѓумрежјето]] исчезнал овој блог заедно со сите податоци оставени на него.<ref>[http://archive.todayis/VDjlI Изгледот на ГРАММАТА]</ref> Набргу, како негово продолжување се појавил блогот ТА ГРАММАТА,<ref>v. „Надворешни врски“, ''ТА ГРАММАТА - Академски информативен портал за курсевите по грчки јазик''</ref> но тој не успеал да ги достигне содржинската разновидност и широката популарност на претходниот.