Славиште: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
==Име==
[[File:Гиновци во Славиште.JPG|thumb|мини|лево|Глетка од селото [[Гиновци]] во средишниот дел на Славиште, со огранките на [[Осогово]] на југ, во позадината]]
Во минатото, областа официјално била позната и нарекувана со името Славиште. Под името Славиште, кривопаланечкиот крај се споменува во повеќе пишани историски документи уште од [[Среден век|Средниот век]]. Најстариот запис за областа под името Славиште се среќава уште во 11 век во грамота на [[Византија|византискиот]] цар [[Василиј II]], каде се споменува ''τὴν Σλαβίστην''. Под ова име областа се споменува и во [[XIV век]]<ref name="Јован Трифуноски" />, во грамот на кралот [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]] каде меѓу запишаното стои ''и по Славиштоу''. Во XVI век односно [[1580]] година, во рамки на турските пописни дефтери со името ''Славиште'' е именувана посебна управна единица - нахија во рамки на [[Ќустендилски санџак|Ќустендилскиот санџак]] <ref name="Турски документи">{{наведена книга|last=Соколоски|first=Методија|title=Турски документи за историјата на македонскиот народ|volume=V|year=1983|publisher=Архив на Македонија|location=Скопје|language=македонски|pages=185}}</ref>. Еден век подоцна, на крајот на XVIII век кога оваа област била жариштето на познатото [[Карпошово востание]], во дневиникот на Арсение Чарноевиќ од [[1683]] се среќава записот ''въ Славиштком полю''. Според научните претпоставки името Славиште потекнува од личното име ''Слав'' (-мир, љуб итн.) со значење на област која припаѓа и е во владение на Слав. Во XVII век во оваа област е основан денешниот град [[Крива Паланка]], според кој, од тогаш, и целиот крај околу неа започнал да се нарекува ''Паланечко'' или поретко Кривопаланечко. Старото име Славиште меѓу народот е во доста ретка употреба<ref name="Јован Трифуноски" />, но под влијание на неговата зголемена употреба во науката и стопанството каде тоа се користи во бројни географски, историски текстови како и за име на претпријатија и фирми, тоа повторно се враќа во сè поширока употреба.
 
==Население==