Славиште: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 32:
 
==Природно-географски и релјефни одлики==
[[File:Славиште - Отошница.JPG|thumb|мини|left|Глетка од западниот крајдел на Славиште во околината на селото [[Отошница]]]]
Котлината Славиште се наоѓа во крајниот североисточен дел на [[Македонија]]<ref name="Енциклопедија">{{наведена енциклопедија|last=Андоновски|first=Томе|editors=Блаже Ристовски|title=Славишка Котлина|encyclopedia=Македонска енциклопедија|publisher=МАНУ|location=Скопје|year=2009|volume=2|pages=1377|isbn=978-608-203-024-1 (2)|language=македонски}}</ref>. Наоѓајќи се во изворишниот и средишниот тек од сливното подрачје на [[Крива Река]], котлината е како вметната творба помеѓу [[Осоговски Планини|Осоговските Планини]] на југ и планината [[Герман (планина)|Герман]] на север<ref name="Енциклопедија" />. Поточно, Славиште е котлина спуштена во старата родопска релјефна маса, издолжена во главно во правец исток-запад<ref name="Јован Трифуноски">{{наведена книга|last=Трифуноски|first=Јован|authorlink=Јован Трифуноски|title=Кривопаланачка област|year=1976|publisher=ХАЗУ|location=Загреб|language=српскохрватски|pages=298–301}}</ref>. Од север е оградено со [[Герман (планина)|планината Герман]], на исток е планинскиот масив на [[Деве Баир]], на југ е планината [[Осогово]]<ref name="Јован Трифуноски" />, со познатиот врв Калин Камен, а на запад е отворено кон долината на [[Пчиња]] во областа Средорек во [[Кумановско]]. Вкупната површина на Славиште изнесува 786 км<sup>2</sup>, а само 7000 хектари е рамничарско земјиште<ref name="Енциклопедија" />. Котлината е формирана по тектонски пат во текот на терциерот<ref name="Енциклопедија" />. Рамката на котлината е ограничена со раседи<ref name="Енциклопедија" />. Основна одлика на релјефот на Славишката Котлина се големите висински разлики помеѓу котлинското дно и речните долини од една страна и планинските врвови со кои е ограничена областа, од друга страна. Додека најинската точка кај селото [[Крилатица]] изнесува 415 метри, највисоките врвови на околните планини Герман, Девебаир и Осогово се издигнуваат од 1580 до 2252 метри, при што висинската разлика помеѓу најниската и највисоката точка изнесува 1837 метри<ref name="Јован Трифуноски" />. Според записите на [[Ѓорче Петров]] во книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]] од долината на реката [[Пчиња]] во Кумановско по ½ час движење низ една карпеста теснина се влегува во една крива и долгнавеста долина, која е всушност Паланечкото Поле<ref name="Ѓорче Петров" />. Паланечкото Поле го сочинува закосеното подножје на паланечкиот Козјак<ref name="Ѓорче Петров" />. Тоа е широко ½ - ¾ часа и долго 2 часа<ref name="Ѓорче Петров" />. Завршува на југ со зелената долина во подножјето на Лисец, низ којашто протекува Крива Река<ref name="Ѓорче Петров" />. Паланечкото Поле е мала котлина односно е многу мало и има облик на триаоглник чиишто агли се: Чифте-хани, [[Ветуница]] и [[Гулинци]]<ref name="Ѓорче Петров" />. Во горниот крај, полето преку две ќошиња се задава на југоисток во [[Осогово]] преку долот на [[Дурачка Река]] и на североисток по [[Крива Река]] во аголот меѓу Козјак и Деве Баир<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|editor=превод: Марио Шаревски|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|edition=2016|year=1896|pages = 150|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Иако е со песокливо-глинеста почва, којашто е со слаб принос, ова поле е доста обработено. Славишкото Поле е исполнето со плиоценски езерски седименти<ref name="Енциклопедија" />. Во плиоценските седименти во атарите на селата [[Ранковце]], [[Гиновци]] и др. се јавуваат дебели пластови на бетонитски глини<ref name="Енциклопедија" />.
===Граници===
Ред 39:
 
===Поделба===
 
[[File:Гиновци во Славиште.JPG|thumb|мини|лево|Глетка од селото [[Гиновци]] во средишниот дел на Славиште, со огранките на [[Осогово]] на југ, во позадината]]
Во поглед на природно-географските одлики и управната поделба, во Славиште јасно се истакнуваат пределни целини на кои се дели целата област. Во тој поглед областа се состои од: алувијалната рамнина на [[Крива Река]] во средишниот дел на котлината со ридестиот терен лево и десно од течението и алувијалната рамнина и планинските падини. Овие пределни целини јасно се покажуваат по целиот профил на областа во правец од север кон југ, а на основа на нив се издвоиле и посебни климатски, хидрографски и почвени одлики кои нужно влијаат и на карактерот на стопанството, населените места и животот на населението со што дополнително се издвоени и по протегањето на самата котлина од исток кон запад<ref name="Јован Трифуноски" />. Според карактеристиките и производноста Славишката котлина може да се раздели на два дела: 1) планински кој ги опфаќа сите планински села и 2) полски кој ги опфаќа сите полски рамничарски села<ref name="Ѓорче Петров" />. Сепак, по производноста планинскиот дел пак се дели на два дела: осоговски и оној којшто се наоѓа меѓу левиот брег на Киселичка Река и [[Крива Река]]<ref name="Ѓорче Петров" />. Во однос на управно-административната поделба целата област Славиште е сочинета од [[Општина Крива Паланка]] во источниот и [[Општина Ранковце]] во западниот дел.
 
==Име==
[[File:Гиновци во Славиште.JPG|thumb|мини|лево|Глетка од селото [[Гиновци]] во средишниот дел на Славиште, со огранките на [[Осогово]] на југ, во позадината]]
Во минатото, областа официјално била позната и нарекувана со името Славиште. Под името Славиште, кривопаланечкиот крај се споменува во повеќе пишани историски документи уште од [[Среден век|Средниот век]]. Најстариот запис за областа под името Славиште се среќава уште во 11 век во грамота на [[Византија|византискиот]] цар [[Василиј II]], каде се споменува ''τὴν Σλαβίστην''. Под ова име областа се споменува и во [[XIV век]]<ref name="Јован Трифуноски" />, во грамот на кралот [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]] каде меѓу запишаното стои ''и по Славиштоу''. Во XVI век односно [[1580]] година, во рамки на турските пописни дефтери со името ''Славиште'' е именувана посебна управна единица - нахија во рамки на [[Ќустендилски санџак|Ќустендилскиот санџак]] <ref name="Турски документи">{{наведена книга|last=Соколоски|first=Методија|title=Турски документи за историјата на македонскиот народ|volume=V|year=1983|publisher=Архив на Македонија|location=Скопје|language=македонски|pages=185}}</ref>
 
==Население==