Вандали: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Додавање информации
Ред 4:
 
Говореле на [[вандалски јазик]], кој веројатно бил во блиско сродство со [[Готски јазик|готскиот]].
 
== Повеќе информации ==
Вандал, член на германско кралство, кое постоело од 429 година до 534 година. Во 455 година Вандалите го ограбиле градот Рим. Од ова, името „Вандал“ е симбол за деструкција и сквернавење.
 
Се верува дека вандалите имигрирале од јужна Финска во јужниот дел на Полска со цел да ги избегнат походите на Хуните. Вандалите биле поделени во две групи, Силингите и Хасдингите. Тие заедно со другите германски племиња мигрирале, создавајќи тензии околу целите римски граници. Се верува дека Ругиите, Готите, Гепидаите, Вандалите, Бургундианците и други германски племиња имаат ист предок. Ова го кажал и византискиот историчар Прокопиус во 6тиот век. Тој ги опишал како високи луѓе со плава боја на коса.
 
Вандалите не биле многу значаен народ се додека не почнале воени походи против римската империја.
 
Во 406 година, Вандалите почнале да мигрираат од Панонија. Се отселувале западно. Кога стигнале кај реката Рајна, нивниот напредок бил запрен од страна на Франките, кои имаа контрола врз северните делови на Гаул. Во битките на овој простор, 20,000 Вандали, вклучувајќи го и Годигисел, кој бил крал на Вандалите (359-406), го загубиле својот живот. Но, со помошта на Аланите, тие ги поразиле Франките, со што на 31 декември 406 година ја преминале реката Рајна. Откако ја преминале Рајна, тие го освоиле Гаул и го уништиле, под лидерство на кралот Гундерик, син на Годигисел.
 
На 13 октомври 409 година, Вандалите ги преминале Пиринеите и влегле во Пиринејскиот Полуостров. Тука, тие добиле голем имот од страна на Римската Држава, со цел тие да им дадат воена поддршка.  Секое вандалско племе добило одредена територија. Хасдингите ја добиле Asturia, Силингите ја добиле Hispania Baetica, Аланите добиле делови од Lusitania и еден дел добиле од Carthago Nova. Свевите контролирале дел од Gallaecia. Визиготите, пред да земат делови од Јужна Франција ги нападнале Аланите, убивајќи го Атакес, аланскиот крал. Со ова, Вандалскиот крал Гундерик ја добил круната на Аланите. Од ова, подоцнежните вандалски кралеви ќе ја добиеле титулата „Rex Wandalorum et Alanorum“, или во превод „Крал на Вандалите и Аланите“. Во 419 година, Хасдинги Вандалите биле поразени од здружените сили на Римјаните и Свевите. Гундерик избегал во Baetica, каде што ја добил круната на Силинги Вандалите.
 
Во 422 година, Гундерик ги поразил силите на Римјаните-Готитите-Свевите кај битката на Тарако. Голем број на Римски и Готски им се придружиле на Вандалите. Во следните 5 години, Вандалите направиле голем хаос низ западниот дел на Медитеранот. Во 425 година, Вандалите ти опустошиле Баеларските острови, Шпанија и Мавританија, Картаго Спартанија и Севила.
 
За време на опсадата на Севила, Гундерик бил убиен. На негово место дошол Генсерик, негов полубрат, кој според законите на монархијата, не би требало да има право на престолот.
 
Генсерик бил деструктивен владател. Иако Вандалите биле 200,000 број, наспроти 6,000,000 жители на Севила, тие сепак успеале да добијат контрола врз Шпанија. Свевите ги нападнале Вандалите, но тие биле поразени во близина на Мерида, а нивниот лидер, Хермигарио, се удавил обидувајќи се да побегне.
 
Генсерик ги одвел Вандалите во Африка во 429 година. Таму, тие се обиделе да склучат договор со Бонифациус, кој сакал да го нападне и освои Рим. Бонифациус успеал да ги порази Римјаните во неколку напади, при кои тие се обидувале да го освојат.
 
Тој ги гледал Вандалите како потенцијални сојузници во војната против Сигисвулт,  владетел на Римската Империја во Африка.
 
Сепак, Бонифациус ги нападнал Вандалите во 430 година, кај Нумидианската граница. Таму тој бил поразен, со тоа што се скрил во градот Хипон, кој што бил под вандалска опсада.
 
Имеророт на Источното Римско Царство имал страв дека може да го изгуби најголемиот извор на храна, па побарал помош од Византискиот Имперор Теодосиус II. Тој испратил поддршка предводена од Аспар.
 
Сепак, Генсерик ги поразил Аспар и Вонифациус, и го освоил градот Хипон. Хипон станал главен град на Вандалското Кралство.
 
Вандалите склучиле мировен договор со Римјаните во 435 година, но во 439 година го раскинале и нападнале неколку територии во Северна Африка, Сицилија, Сардиниа и Корзика.
 
Теодосиус II се обидел да го запре прогресот на Вандалите и испратил експедиција за да ги нападне. Бродовите успеале да стигнат само до Сицилија.
 
Во 442 година, Римјаните склучиле мировен договор со Вандалите, кој ќе трае се до 455 година.
 
Во 455 година, голем број на вандалски бродови го контролирале Медитеранот, по што некои во викале Вандалско Море.
 
Со обид да се приклучат Вандалите со Римската Империја, Валентијан III ја понудил неговата ќерка за синот на Генсерик. Но, пред да се случи ова, Петронус Максимус го убил Валентијан III. Дипломатијата прекинала, со што Вандалите го нападнале и опустошиле Рим во 455 година. Не се знаат причините, но тие иако сакале, не го запалиле градот, но зеле голем дел од бесценети богатства.
 
Во 456 година, флота од 60 вандалски бродови беше нападната и уништена од страна на Римскиот генерал Рицимер. Во 457 година, Вандалска војска која се враќала од грабеж била нападната од Римскиот Имперор Мајориан, а притоа поразена.
 
За возврат од нападот и осквернувањето на Рим, Римскиот Имперор Мајориан планирал поход против Вандалите. Тој бил неуспешен, што значело дека од 477 година, Вандалите биле во „Траен Мир“ со Источното и Западното Римско Царство.
 
На 25 Јануари 477 година, Генсерик починал на 88 години. Него го наследил неговиот син Хунерик. Во периодот од 477 до 523 година, дошле 3 кралеви на власт. Во овој период, моќта на Вандалското Кралство опаднало.
 
Во 523 година, на власт дошол Хилдерик. Тој бил најтолерантниот владетел во однос на Христијанството. Немал интерес во војна. Заради таа причина, во 530 година, на власт дошол Гелимер.
 
Во овој период, византискиот император Јустинијан I објавил војна на Вандалите.
 
По серија од битки, во кои Вандалите биле поразени, во 453 година Вандалското кралство веќе не постоело. Тоа било дел од Византија.
 
Вандалите биле поделени, некои вандалски жени влегле во брак со византиски војници, Гелимер добил одредена територија да контролира, а голем дел од вандалите биле протерани во Константинопол, каде што тие биле внесени во Византиската војска.
 
Како етничка група, Вандалите исчезнале.
 
== Надворешни врски ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вандали