Разлика помеѓу преработките на „Алберто Контадор“

Додадени 9.722 бајти ,  пред 4 години
|publisher=Тинкоф Саксо|date=6 октомври 2014|accessdate=6 октомври 2014|}}</ref>
 
=== Сезона 2015 ===
 
[[Податотека:Alberto Contador at the 2015 Vuelta a Andalucia.jpg|мини|Алберто Контадор на Вуелта а Андалусија 2015]]
 
[[Податотека:Giro 2015 contador.jpg|мини|десно|Контадор ја носи розевата маичка на [[Џиро д’Италија 2015]]]]
 
На [[Џиро д’Италија 2015|Џиро д’Италија]], екипата на Контадор, {{ct|TTS|2015}}, имала добар настап на воведниот хронометар, завршувајќи втора зад {{ct|OGE|2015}}. Добил шест секунди во однос на Фабио Ару, 12 секунди во однос на Ригоберто Уран и 20 секунди во однос на Ричи Порт.<ref>http://www.cyclingnews.com/news/contador-ahead-of-giro-ditalia-rivals-in-opening-ttt-skirmish</ref> Контадор ја преземал розевата маичка на [[Џиро д’Италија 2015 - етапа 1 до етапа 11#Етапа 5|петтата етапа]] на завршница на нагорнина. Меѓутоа, следниот ден, Контадор го изместил своето рамо по пад на завршницата. Успеал да заврши, но повторно го изместил своето рамо пред појавувањето на подиумот.<ref>http://www.cyclingnews.com/news/contador-confirmed-to-start-giro-ditalia-stage-7</ref> И покрај тоа, Контадор успеал да продолжи на трката и да ја задржи розевата маичка. Меѓутоа, на [[Џиро д’Италија 2015 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 13|тринаесеттата етапа]], на она што се сметало за „лесен ден“, Контадор паднал во поголем пад на 3,2 километри од целта. Поради ова, Контадор ја поминал целта 42 секунди зад победниците и неговиот главен соперник, [[Фабио Ару]], со што ја изгубил розевата маичка.<ref>https://sport360.com/article/cycling/37091/fabio-aru-takes-pink-jersey-alberto-contador-caught-giro-ditalia-crash</ref> Меѓутоа, следниот ден, на хронометарот од 59,3 километри, Контадор ја презел повторно розевата маичка и создал значителна разлика од остатокот на групата.<ref>http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/giro-ditalia/alberto-contador-back-in-giro-ditalia-lead-after-crucial-time-trial-173347</ref><ref>http://www.usatoday.com/story/sports/cycling/2015/05/23/contador-reclaims-giro-lead--aru-after-time-trial/27838333/</ref> На [[Џиро д’Италија 2015 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 16|шеснаесеттата етапа]], Контадор имал механички проблем при спуст и другите екипи, вклучувајќи и {{ct|AST|2015}}, се обиделе да ја искористат предноста. Сепак, Контадор го стигнал Ару и освоил уште две минути во однос на неговиот соперник додека [[Микел Ланда]] станал второпласиран во генералниот пласман.<ref>{{cite news|url= http://www.cyclingquotes.com/news/amazing_landa_makes_it_two_in_a_row_in_the_queen_stage/|title=Amazing Landa makes it two in a row in the queen stage|work=Cycling Quotes|publisher=CyclingQuotes.com 2013|date=26 мај 2015|accessdate=27 мај 2015|author=Емил Акселгард}}</ref> На [[Џиро д’Италија 2015 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 20|дваесеттата етапа]], Контадор изгубил време од обајцата, Ару и Ланда, но ја задржал розевата маичка. На крајот, ја освоил трката со 1 минута и 53 секунди пред Ару.<ref>{{cite news|url= http://www.eurosport.com/cycling/giro-d-italia/2015/standing.shtml#general-classification|title=Резултат - Џиро д’Италија|work=Eurosport |publisher=Discovery Communications|accessdate=30 јуни 2015}}</ref> И покрај што му била одземена титулата во 2011 година поради суспензијата од допинг, Контадор инсистирал дека му била трета победа на Џиро, вклучувајќи ја и трката во 2011 година.<ref>{{cite news |url=http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/giro-ditalia/this-is-my-third-giro-ditalia-win-insists-alberto-contador-174528#3yPTBbJBcZsQZiw8.99|title=This is my third Giro d’Italia win, insists Alberto Contador|work=Cycling Weekly|publisher=IPC Media Sports & Leisure network|date=31 мај 2015|accessdate=1 јуни 2015|author=Грегор Браун}}</ref> Со неговата втора официјална победа на Џиро, заедно со двете победи на [[Тур де Франс]] и трите победи на [[Вуелта а Еспања]], Контадор му се приклучил на [[Бернар Ино]] како единствен велосипедист кој има повеќекратни победи на секоја од трите [[Гранд Тур (велосипедизам)|големи трки]].<ref>{{нмс|url= http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/giro-d-italia/11641874/Alberto-Contador-seals-Giro-dItalia-after-Iljo-Keisse-holds-on-for-final-stage-victory-in-Milan.html|title=Alberto Contador seals Giro d'Italia after Iljo Keisse holds on for final stage victory in Milan|date=31 мај 2015|work=Daily Telegraph|accessdate=4 јуни 2015}}</ref>
 
Како подготовка за Тур, Контадор избрал да вози на четиридневната Рут ди Сид, каде ја освоил кралската етапа и крајниот пласман. Негов главен соперник бил [[Наиро Кинтана]], возач со кој ќе се натпреварува и на [[Тур де Франс 2015|Тур де Франс]].<ref>{{cite news|url= http://www.cyclingnews.com/news/route-du-sud-win-changes-nothing-says-contador|title=Route du Sud win changes nothing, says Contador |work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc|date=22 јуни 2015|accessdate=22 јуни 2015}}</ref>
 
Контадор имал добар почеток во првата недела на трката. И покрај губењето на малку време од [[Крис Фрум]] на екипниот хронометар, добил време во однос на соперниците како Нибали и Кинтана, кои обајцата изгубиле време на [[Тур де Франс 2015 - етапа 1 до етапа 11#Етапа 2|втората етапа]]. Сепак, имал проблеми на првата завршница на нагорнина, губејќи три минути во однос на етапниот победник, Крис Фрум, со што ги загрозил шансите за победа. И покрај овие проблеми, се подобрил на следните две етапи на Пиринеите, останувајќи во контакт со неговите соперници, останувајќи на шестото место во генералниот пласман. Неговите шанси избледеле по падот на спустот на [[Тур де Франс 2015 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 17|седумнаесеттата етапа]]. И покрај напорите на завршното искачување, изгубил две минути во однос на Фрум и Кинтана. Не успеал да се опорави од падот на седумнаесеттата етапа и не успеал да се израмни со соперниците на последните две планински етапи. Контадор ја завршил трката на петтото место, 9 минути и 48 секунди зад победникот [[Крис Фрум]].<ref>{{нмс|title= Пласмани|url=http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/classifications.html|publisher=ASO|accessdate=9 август 2015}}</ref> Иако не успеал да ја постигне двојната победа на крајот, Контадор не жалел за овој обид. „Вистина е дека постојат возачи кои сонуваат да завршат петти. За мене, тоа не беше цел, но мило ми е што се обидов. Ако не се обидев, тогаш по мојата кариера ќе замислував, дали сум можел да го направам Џиро-Тур и сега знам. Не мислам дека е невозможно да се направи двојната победа, но е навистина сложено, бидејќи никој нема искуство како да се подготвиш. Меѓутоа, претпочитам да се обидеш отколку да останеш со желбата“.
 
По Тур, Контадор планирал да настапи на [[Класика де Сан Себастијан 2015|Класика де Сан Себастијан]], но морал да се откаже поради болест, завршувајќи ја сезоната за 2015 година.
 
== Обвинувања за допинг ==