КК Гостивар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
 
===По независноста===
Во [[Прва македонска кошаркарска лига|Македонската кошаркарска лига]] се водела изедначена борба за првото место на табелата меѓу Маврово односно Никол Ферт и [[КК Работнички|Работнички]] од [[Скопје]]. Тие биле најквалитетни и најтрофејни екипи во Македонија, во освојувањето на [[Куп на Македонија во кошарка|Купот на Македонија]] и на републичкото Првенство.<ref name="a">[http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=8C2008725D517649A0A38896225ED897 Ќе го вратиме реномето на кошарката во Гостивар] utrinski.mk 4 ноември 2015</ref> КК Гостивар бил домаќи на Купот на Македонија 1994.<ref name="b">[http://www.gostivar.net/sport.html Спорт/Кошарка - К.К. „Гостивар“] gostivar.net 2002</ref> Никол Ферт во Купот на Македонија 1999 бил вицепрвак, губејќи од МЗТ Аеродром. Следната сезона бил првак во Првенството и го освоил [[Суперкуп на Македонија во кошарка 2000|Суперкупот на Македонија 2000]] победувајќи го МЗТ Аеродром. Никол Ферт го освоил [[Куп на Македонија во кошарка 2001|Купот на Македонија 2001]], кога го победил Работнички. Исто така, од Николферт бил освоен и [[Куп на Македонија во кошарка 2002|Купот на Македонија 2002]] и [[Суперкуп на Македонија во кошарка 2002|Суперкупот на Македонија 2002]]. Во 2004 година му било дадено старо-ново име на клубот - Маврово.<ref>[http://star.vest.com.mk/default.asp?id=80274&idg=4&idb=1201&rubrika=Sport Беспотресно прелевање и едно прволигашко откажување] vest.com.mk 2 јули 2004</ref> За време на сезоната [[Прва македонска кошаркарска лига 2007/08|2007/08]], Маврово за време на полусезоната поради финансиски причини бил исфрлен од Првата лига и за следната сезона требал да се натпреварува во [[Втора македонска кошаркарска лига|Втората лига]].<ref>[http://vecer.mk/sport/prvoligashko-zbogum-za-gostivarci Прволигашко збогум за гостиварци] vecer.mk 7 јануари 2008</ref> Повторно поради финансиски проблеми, Маврово го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.<ref>[http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=4194 Вести - Спорт] kiss.com.mk 7 јуни 2008</ref> Клубот во 2009 година бил обновен под името Гостивар 2009 и настапувал две сезони и потоа повторно се распаднал.
 
===Повторна обнова===