Разлика помеѓу преработките на „Алберто Контадор“

 
=== Сезона 2014 ===
 
[[Податотека:Critérium du Dauphiné 2014 - Etape 6 - Alberto Contador.jpg|мини|лево|Контадор на [[Критериум ди Дофине 2014]]]]
 
Првата цел во сезоната на Контадор била Волта ао Алгарве. Иако изгубил време од [[Михал Квјатковски]] откако Полјаци освоил две последователни етапни победи, Контадор ја покажал својата подобрена форма на трката, освојувајќи го третото место на втората етапа и четвртото на третата етапа ([[индивидуален хронометар]]) пред да ја освои првата победа во сезоната на четвртата етапа. На етапата со завршница на нагорнина, Контадор нападнал на километар од целта и завршил сам, три секунди пред [[Руј Кошта (велосипедист)|Руј Кошта]].<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/races/volta-ao-algarve-2014/stage-4/results|title=Contador wins Algarve stage atop Alto do Malhao|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc|date=22 февруари 2014|accessdate=23 февруари 2014}}</ref> На крајот завршил втор во генералниот пласман, 19 секунди зад Квјатковски.
 
Контадор забележал повеќе успеси во првата половина на сезоната 2014, завршувајќи втор на Волта ао Алгарве (каде ја освоил четвртата етапа), освојувајќи го [[Тиноре-Адријатико 2014|Тирено-Адријатико]] (каде ги освоил етапите 4 и 5), завршувајќи втор на [[Волта а Каталуња 2014|Волта а Каталуња]] и освојувајќи ја [[Трка околу Баскија 2014|Трката околу Баскија]] (каде ја освоил првата етапа и ја носел жолтата маичка цело време).<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/races/vuelta-ciclista-al-pais-vasco-2014/stage-6/results|first=Стивен |last=Фаранд|title=Контадор ја обезбеди победата на Трката околу Баскија пред Квјатковски|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc |date=12 април 2014|accessdate=12 април 2014}}</ref>