Разлика помеѓу преработките на „Балкански сојуз“

(+текст)
 
==Големите сили и Балканскиот сојуз==
Во летото [[1912]] година, Големите сили преку дипломатија и други контакти се обидувале да ја спречат војната меѓу Балканските сојузници и Турција.<ref>Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 85</ref> Европската дипломатија од двата блока со внимание ја следеле ситуацијата на Балканот, како и во самата Труција. Во историографијата постојат контроверзни тврдења по прашањето дали големите сили, освен [[Русија]], знаеле за Српско-бугарскиот сојузен договор од [[13 март]] [[1912]] година. Дури кога започнала општата мобилизација, големите сили почнале енергично да реагираат. Дотогаш изгледало дека европската дипломатија не е запозната со Балканскиот четворен сојуз, или е недоволно информирана. Резервираноста на [[Англија]] и [[Франција]], ги форсирала воинствените потези против [[Турција]], на [[Бугарија]], [[Србија]] и [[Грција]].
 
Русија со сите сили настојувала да ги одоброволи Англија и Франција за поддршка на балканските сојузници, очекувајќи да добие хегемонија на Балканот. [[Италија]] била запозната со српско-бугарскиот договор, и дури добила понуда од балканските сојузници и тие да ѝ се придружат во војната против Турција. Германската влада, пак, го сметала балканскиот сојуз под патронат на Русија за опасен, и дека може да се насочи колку против Турција, толку и против [[Австро-Унгарија]].
 
Австро-унгарската влада дознала за српско-бугарскиот договор во мај 1912 година, благодарение на романскиот крал Карол.<ref>Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 96</ref> Меѓутоа, овој сојуз бил проследен со молчење. Сепак, австро-унгарската дипломатија работела упорно на тоа да го ослаби сојузот, а по можност и да го разбие.
 
== Видете исто така ==