Балкански сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 33 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q239225 (translate me)
+текст
Ред 1:
'''Балканскиот сојуз''' е сојуз помеѓу [[Србија]], [[Бугарија]], [[Грција]] и [[Црна Гора]] насочен против [[Отоманска Империја|Османлиската Империја]],<ref name="OnWar-first">{{cite web|url=http://www.onwar.com/aced/data/bravo/balkan1912.htm|title=Wars of the World; First Balkan War 1912-1913|date=December 16, 2000|publisher=OnWar.com|accessdate=2009-08-14}}</ref>. Балканскиот сојуз е едната од страните која ја води [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]]. Судирот на сојузниците, по војната води до [[Меѓусојузничка војна|Меѓусојузничката војна]].
 
==Создавање на сојузот==
Мотивите за создавање Балкански сојуз е поделбата на Османлиското наследство во Европа, а непосреден повод била [[Италијанско-турска војна|Италијанско-турската војна]] во [[1911]] година, бидејќи Османлиската Империја била зафатена на друго место.
 
Ред 12 ⟶ 13:
 
[[Црна Гора]] се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон [[Скадар]] и кон [[Албанија]].
 
==Големите сили и Балканскиот сојуз==
Во летото 1912 година, Големите сили преку дипломатија и други контакти се обидувале да ја спречат војната меѓу Балканските сојузници и Турција.<ref>Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 85</ref> Европската дипломатија од двата блока со внимание ја следеле ситуацијата на Балканот, како и во самата Труција. Во историографијата постојат контроверзни тврдења по прашањето дали големите сили, освен Русија, знаеле за Српско-бугарскиот сојузен договор од 13 март 1912 година. Дури кога започнала општата мобилизација, големите сили почнале енергично да реагираат. Дотогаш изгледало дека европската дипломатија не е запозната со Балканскиот четворен сојуз, или е недоволно информирана. Резервираноста на Англија и Франција, ги форсирала воинствените потези против Турција, на Бугарија, Србија и Грција.
 
Русија со сите сили настојувала да ги одоброволи Англија и Франција за поддршка на балканските сојузници, очекувајќи да добие хегемонија на Балканот. Италија била запозната со српско-бугарскиот договор, и дури добила понуда од балканските сојузници и тие да ѝ се придружат во војната против Турција. Германската влада, пак, го сметала балканскиот сојуз под патронат на Русија за опасен, и дека може да се насочи колку против Турција, толку и против Австро-Унгарија.
 
Австро-унгарската влада дознала за српско-бугарскиот договор во мај 1912 година, благодарение на романскиот крал Карол.<ref>Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 96</ref> Меѓутоа, овој сојуз бил проследен со молчење. Сепак, австро-унгарската дипломатија работела упорно на тоа да го ослаби сојузот, а по можност и да го разбие.
 
== Видете исто така ==