Јарослав Сајферт: Разлика помеѓу преработките

→‎Творештво: дополнување
(→‎Биографија: дополнување)
(→‎Творештво: дополнување)
Во [[1929]] година, Сајферт ја објавил збирката „Поштенски гулаб“, а истата година тој раскинал со [[Комунистичка партија на Чехословачка|Комунистичката партија на Чехословачка]] (КПЧ) и го потпишал познатиот Манифест на седумте комунистички писатели во кој се критикувало доаѓањето на [[Клемент Готвалд]] на чело на КПЧ. Меѓутоа, во овој период, неговата поезија ја достигнала зрелоста, а тој започнал да пишува и за настаните поврзани со судбината на неговата татковина. Така, во [[1937]] година ја објавил збирката „Осум дена“, посветена на [[смрт]]та на првиот претседател на [[Чехословачка]], [[Томаш Масарик]] (насловот на збирката го изначува осумте дена на тага од смртта до погребот на Масарик). Во [[1938]] година ја објавил збирката „Згаснете ги светлата“, во која се предвидувала несреќната судбина на Чехословачка по [[Минхенски договор|Минхенскиот договор]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 84-85.</ref>
<br />
Во [[1945]] година, Сајферт ја објавил збирката „Кацига на глината“, посветена на борците за ослободување од нацистичката окупација. Подоцна, тој со восхит го дочекал враќањето на демократскиот претседател [[Едвард Бенеш]] кому му ја посветил песната „Септември“ од [[1948]] година, но таа не можела да биде објавена во Чехословачка. Во [[1950]] година се појавила неговата најпотресна збирка „Песна за Викторка“, објавена во ограничен тираж. Збирката, посветена на чешката писателка [[Божена Немцова]] и нејзиниот книжевен лик Викторка, била остро дочекана од критиката. Во тоа особено предничел поетот [[Иван Скала]], кој во бројот 19 на списанието „Создавање“ (''Tvorba'') од [[1950]] година го обвинил Сајферт за рамнодушност кон работниот народ, за нихилизам кон граѓаните, отфрлање на современоста. Во кампањата против Сајферт се истакнувал и критичарот [[Ладислав Штол]], кој го обвинил дека не е бил борец, дека омекнал и дека неговата поезија не била партиска. Сајферт успеал да се спаси од нападите само благодарение на својата огромна популарност, како и поддршката од страна на [[Витјеслав Незмал]] и [[Марија Пујманова]]. Сепак, во [[1956]] година, на вториот конгрес на чехословачките писатели, Иван Скала извршил самокритика поради нападите врз него, а Сајферт ја повикал власта да ги рехабилитира невино прогонетите луѓе и забранетите писатели. Дури по познатиот [[20. конгрес на КПСС|XX конгрес на КПСС]], Сајферт постепено започнал да го зазема заслуженото место во чешката литература, а во 1969 година бил избран за претседател на Чехословачкиот сојуз на писателите, кој веќе следната година бил распуштен.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 86-8990.</ref>
 
==Библиографија==