Јарослав Сајферт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 17:
<br />
Во [[1945]] година, Сајферт ја објавил збирката „Кацига на глината“, посветена на борците за ослободување од нацистичката окупација. Подоцна, тој со восхит го дочекал враќањето на демократскиот претседател [[Едвард Бенеш]] кому му ја посветил песната „Септември“ од [[1948]] година, но таа не можела да биде објавена во Чехословачка. Во [[1950]] година се појавила неговата најпотресна збирка „Песна за Викторка“, објавена во ограничен тираж. Збирката, посветена на чешката писателка [[Божена Немцова]] и нејзиниот книжевен лик Викторка, била остро дочекана од критиката. Во тоа особено предничел поетот [[Иван Скала]], кој во бројот 19 на списанието „Создавање“ (''Tvorba'') од [[1950]] година го обвинил Сајферт за рамнодушност кон работниот народ, за нихилизам кон граѓаните, отфрлање на современоста. Во кампањата против Сајферт се истакнувал и критичарот [[Ладислав Штол]], кој го обвинил дека не е бил борец, дека омекнал и дека неговата поезија не била партиска. Сајферт успеал да се спаси од нападите само благодарение на својата огромна популарност, како и поддршката од страна на [[Витјеслав Незмал]] и [[Марија Пујманова]]. Сепак, во [[1956]] година, на вториот конгрес на чехословачките писатели, Иван Скала извршил самокритика поради нападите врз него, а Сајферт ја повикал власта да ги рехабилитира невино прогонетите луѓе и забранетите писатели. Дури по познатиот [[20. конгрес на КПСС|XX конгрес на КПСС]], Сајферт постепено започнал да го зазема заслуженото место во чешката литература.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 86-89.</ref>
 
<br />
<br />
За својата поезија, Сајферт во три наврати јс добил државната награда: во [[1936]], [[1955]] и [[1968]] година, а во [[1967]] година бил прогласен за народен уметник. Најпосле, во 1984 година го добил и највисокото признание - Нобеловата награда.
==Библиографија==
Најпознати дела на Сајферт се:<ref>„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.</ref>