Јарослав Сајферт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 10:
Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на [[20. век]]. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните [[1920]]-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „[[Поетизам|поетизам]]“. Во [[1930]]-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.</ref>

Сајферт ја објавил првата збирка во [[1921]] година, со наслов „Градот во солзи“ и таа била воодушевено дочекана од критиката од редовите на [[Комунисти|комунистичката]] левица, на која ѝ припаѓал и Сајферт. Сепак, дури и во оваа збирка, неговите стихови не биле пропагандистички, туку тој ги прикажувал сликите од животот на [[Пролетеријат|пролетерите]], онака како што тој самиот го живеел. Во [[1923]] година, тој ја објавил втората збирка „Самата љубов“ во која отсуствувала пролетерската тенденција, поради што била гневно дочекана од левичарската критика. Имено, со исклучок на неколку пролетерски [[стих]]ови, збирката е целосно посветена на [[љубов]]та. Поради тоа, истакнатиот поет С. К. Нојман го обвинил Сајферт дека не е „идејно изграден“ и дека го напушта фронтот на класната борба. Но, од друга страна, истакнатиот чешки критичар Ф. К. Шалда го забележал сезнибилитетот на Сајферт и го споредил со ликовното дело на цариникот[[Анри Русо]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 78-80.</ref>

Во [[1924]] година, Сајферт го посетил Париз (придружуван од [[Карел Тајге]]), а во [[1925]] година се појавила неговата трета книга „На брановите на ТСФ“ (TSF се француските иницијали за безжичната врска и [[радио]]то) со која му се приклучил на поетскиот правец „поетизам“, којшто се одликувал со поезија посветена на „сите убавини на светот“ и во која преовладува духот на [[џез]]от, модерното, [[циркус]]от итн. Оваа збирка била напишана под влијание на патувањето во [[Париз]], каде што започнал да го преведува [[Гијом Аполинер]]. Со неа, Сајферт уште повеќе ги разбеснил своите партиски соборци, меѓутоа добил пофалби од конзервативниот антикомунистички критичар Фердинанд Пероутка. Дури следната негова збирка „[[Славеј]]от пее лошо“, инспирирана од неговата посета на [[СССР]], а објавена во [[1926]] година, ги ублажила критиките од страна на левичарите, бидејќи во неа се среќаваат социјални и политички теми, поврзани со [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 80-8182.</ref>

Во [[1929]] година, Сајферт ја објавил збирката „Поштенски гулаб“, а истата година тој раскинал со [[Комунистичка партија на Чехословачка|Комунистичката партија на Чехословачка]] (КПЧ) и го потпишал познатиот Манифест на седумте комунистички писатели во кој се критикувало доаѓањето на [[Клемент Готвалд]] на чело на КПЧ. Меѓутоа, во овој период, неговата поезија ја достигнала зрелоста, а тој започнал да пишува и за настаните поврзани со судбината на неговата татковина. Така, во [[1937]] година ја објавил збирката „Осум дена“, посветена на [[смрт]]та на првиот претседател на [[Чехословачка]], [[Томаш Масарик]] (насловот на збирката го изначува осумте дена на тага од смртта до погребот на Масарик). Во [[1938]] година ја објавил збирката „Згаснете ги светлата“, во која се предвидувала несреќната судбина на Чехословачка по [[Минхенски договор|Минхенскиот договор]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 84-85.</ref>

Во [[1945]] година, Сајферт ја објавил збирката „Кацига на глината“, посветена на борците за ослободување од нацистичката окупација. Подоцна, тој со восхит го дочекал враќањето на демократскиот претседател [[Едвард Бенеш]] кому му ја посветил песната „Септември“ од [[1948]] година, но таа не можела да биде објавена во Чехословачка. Во [[1950]] година се појавила неговата најпотресна збирка „Песна за Викторка“, објавена во ограничен тираж. Збирката, посветена на чешката писателка [[Божена Немцова]] и нејзиниот книжевен лик Викторка, била остро дочекана од критиката. Во тоа особено предничел поетот [[Иван Скала]], кој во бројот 19 на списанието „Создавање“ (''Tvorba'') од [[1950]] година го обвинил Сајферт за рамнодушност кон работниот народ, за нихилизам кон граѓаните, отфрлање на современоста. Во кампањата против Сајферт се истакнувал и критичарот [[Ладислав Штол]], кој го обвинил дека не е бил борец, дека омекнал и дека неговата поезија не била партиска. Сајферт успеал да се спаси од нападите само благодарение на својата огромна популарност, како и поддршката од страна на [[Витјеслав Незмал]] и [[Марија Пујманова]]. Сепак, во [[1956]] година, на вториот конгрес на чехословачките писатели, Иван Скала извршил самокритика поради нападите врз него, а Сајферт ја повикал власта да ги рехабилитира невино прогонетите луѓе и забранетите писатели. Дури по познатиот [[20. конгрес на КПСС|XX конгрес на КПСС]], Сајферт постепено започнал да го зазема заслуженото место во чешката литература.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 86-89.</ref>

Во [[1924]] година, Сајферт го посетил Париз (придружуван од [[Карел Тајге]]), а во [[1925]] година се појавила неговата трета книга „На брановите на ТСФ“ (TSF се француските иницијали за безжичната врска и [[радио]]то) со која му се приклучил на поетскиот правец „поетизам“, којшто се одликувал со поезија посветена на „сите убавини на светот“ и во која преовладува духот на [[џез]]от, модерното, [[циркус]]от итн. Оваа збирка била напишана под влијание на патувањето во [[Париз]], каде што започнал да го преведува [[Гијом Аполинер]]. Со неа, Сајферт уште повеќе ги разбеснил своите партиски соборци, меѓутоа добил пофалби од конзервативниот антикомунистички критичар Фердинанд Пероутка.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 80-81.</ref>

*„Свадбен пат“ (1925 год.);
*„Славејот пее лошо“ (1926 год.)

Во 1924 година сајферт го презел своето прво патување во Франција. Ги преведувал Аполинер и Пол Верлен. Тој се вратил на својот мелодичен лиризам со „Збогум пролет“ (1937 год.)

За својата поезија, Сајферт во три наврати јс добил државната награда: во [[1936]], [[1955]] и [[1968]] година, а во [[1967]] година бил прогласен за народен уметник. Најпосле, во 1984 година го добил и највисокото признание - Нобеловата награда.
==Библиографија==
Најпознати дела на Сајферт се:<ref>„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.</ref>
* „Градот во солзи“ (1921 год.);
* „Самата љубов“ (1923 год.);
* „На брановите на TSF“ (1925 год.);
* „Свадбен пат“ (1925 год.);
* „Славејот пее лошо“ (1926 год.)

* „Поштенски гулаб“ (1929 год.);
* „Ѕвезди над Рајската градина“ (1929 год.);
* „Јаболко од крилото“ (1933 год.);
* „Рацете на Венера“ (1936 год.);
* „Песни диктирани во ротацијата“ (1936 год.);
* „Збогум пролет“ (1937 год.);
* „Осум дена“ (1937 год.);
* „Есен во Чешка“ (1937 год.);
* „Изгаснете ги светилките“ (1938 год.);
* „Лепезата на Божена Немцова“ (1940 год.);
* „Облечена во светлина“ (1940 год.);
* „Камениот мост“ (1944 год.);
* „Кацига на глината“ (1945 год.);
* „Романса за кралот Вацкав IV“ (1949 год.);
* „Сиромавиот сликар замина во светот“ (1949 год.);
* „Песна за Викторка“ (1950 год.);
* „Моцарт во Прага“ (1951 год.);
* „Мајка“ (1954 год.)
* „Момчето и ѕвездите“ (1956 год.);
* „Извлечените страници“ (1957 год.);
* „Прага“ (1958 год.);
* „Ластовици над реката (1962 год.);
* „Стихови за Прага“ (1962 год.);
* „Концерт на островот“ (1965 год.);
* „Леењето на камбаната“ (1967 год.);
* „Халеевата комета“ (1967 год.);
* „Столбот на чумата“ (1968-1970 год.; дефинитивната верзија од 1977 год.);
* „Чадорот од Пикадили“ (1978 год.);
* „Сите убавини на светот“ (1981 год.);
* „Да се биде поет“ (1984 год.);

*„Осум дена“ (1937 год.);
*„Изгаснете ги светилките“ (1938 год.);
*„Облечена во светлина“ (1940 год.);
*„Камениот мост“ (1944 год.);
*„Шлем полн со глина“ (1945 год.);
*„Песна за Викторка“ (1950 год.);
*„Моцарт во Прага“ (1951 год.);
*„Мајка“ (1954 год.)
*„Момчето и ѕвездите“ (1956 год.);
*„Прага“ (1958 год.);
==Награди и признанија==
Сајферт е добитник е на Нобеловата награда за литература во 1984 година, за неговата [[поезија]], полна со свежина и чувственост.