Историско-географска област: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Историско-географска област''' — регион кој има јасни или приближно јасни геог...
(нема разлика)

Преработка од 23:21, 28 јануари 2016

Историско-географска областрегион кој има јасни или приближно јасни географски граници, и чие население дели слична историска судбина. Така, овој поим е збир од поимите историска област и географска област.

Населението на една историско-географска област не секогаш има ист етнички или верски состав, но има заедничка историја. Ваквата област се поимува како една целина и се запазува како таква при промена на држанвните граници и има регионален идентитет. Историско-географската област може да се совпаѓа, но може и да не се совпаѓа со етнографската област.

Во географска смисла, историско-географската област се одликува со јасни природни граници — високи планини, големи реки или мориња.