Вики: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.19.200 (разговор), вратено на последната верзија на KasparBot
избришав се
Ред 1:
{{Внимание}}
[[File:Ward Cunningham - Commons-1.jpg|thumb|[[Вард Канингем]], промоторот на викито]]
[[Податотека:WikiWiki.jpg|мини|десно|Знак за автобуската линија „Вики Вики“ на Меѓународниот аеродром во Хонолулу.]]
'''Вики''' ({{IPAc-en|audio=en-us-wiki.ogg|ˈ|w|ɪ|k|iː}}) е [[веб страна]] каде е овозможено корисниците да додаваат, отстрануваат или уредуваат содржини преку својот веб прелистувач, понекогаш без потреба од регистрирање, со користење едноставен [[јазик за означување]] или on-line уредувач на текст. Леснотијата на интеракцијата и користењето го прави викито ефективна алатка за колаборативно создавање содржини. Терминот вики мoже да се однесува на самиот колаборативен софтвер кој ја овозможува работата на такво веб-место, или на определени специфични вики веб-места, како информатичкото веб-место (и првобитен вики) [[WikiWikiWeb]], или енциклопедиите на интернет од типот на [[Википедија]].
 
Името на првиот софтвер наречен вики - [[WikiWikiWeb]], му го дал неговиот автор [[Вард Канингем]]. Канингем се сеќавал дека на Меѓународниот аеродром во Хонолулу еден шалтерски службеник го посоветувал да се качи на автобуската линија „вики-вики“ која сообраќала меѓу терминалите. Според Канингем „го одбрав вики-вики како алтернатива за „брзо“ и така избегнав да го наречам ова брз-веб.“ „Вики-вики“ е удвојување на „вики“, хавајски збор што значи брзо или бргу. Зборот понекогаш се користи и како [[бекроним]] за „она што го знам е“, што опишува функција на споделување, чување или размена на знаење.
 
Според Канингем, идејата за „вики“ потекнува од софтверот [[HyperCard]] што го напишал во доцните осумдесетти години. Во доцните деведесетти, се јави растечко прифаќање на викијата како потенцијално ефективен начин за развој на приватни и јавни [[база на знаење|бази на знаења]], и овој потенцијал ги инспирираше основачите на енциклопедискиот проект [[Nupedia]], кој подоцна прерасна во [[Википедија]]. Во првите години на 21 век, викијата беа прифатени во рамки на претпријатија како колаборативен софтвер. Често се употребуваа за комуникација на проекти, интранети и документација, во прво време на технички теми. Во декември 2002 година [[Socialtext]] го објави првото комерцијално вики решение со отворен код. Во текот на овој период, софтвер за вики со отворен код беше широко достапен, симнуван и инсталиран. Денес некои компании користат вики како нивен единствен колаборативен софтвер и како замена за статични [[интранет|интранети]]. Вики софтверот наводно повеќе се користи зад огнени ѕидови во приватни мрежи отколку на јавниот интернет.
 
== Типично работење на вики веб-место ==
Вики е [[веб-место]] што може да се уредува без познавање на [[HTML]]. Повеќето такви имаат систем за следење на промените со зачувување на претходните верзии, кои може да бидат вратени. Еден систем врз база на вики може да содржи различни алатки, направени да овозможат на корисниците постојано следење на промените како и да дискутираат многу од неизбежните прашања поврзани со ваквата дејност, пред се несогласувањата околу содржините. Содржините на вики може да се несоодветни, а понекогаш некои корисници случајно или намерно објавуваат и неточни информации.
 
Многу јавни вики веб-места дозволуваат целосно неограничен пристап за луѓето да може да придонесат без да мора да поминат процес на „регистрирање“, за разлика од други интерактивни веб-места како форуми или веб-места за разговор (чат). Многу корисници ова го сметаат за пријатно изненадување.
 
== Вандализам ==
Отворената философија на вики веб-местата, односно дозволувањето секому да ги уредува содржините, не секогаш има за последица добронамерни интервенции. [[Вандализмот на вики]] е проблем за сите вакви веб-места. Пристапот преку кој е лесно да се исправи направена штета наместо да се вршат обиди за нејзино спречување се нарекува „[[мека сигурност]]“. Многу од уредниците на вики веб-местата се покажале дека имаат добри намери, иако на поголемите веб-места може да поминат подолги периоди во текот на кој вандализмот поминува незабележано. Друга негативна страна на вики веб-местата е [[трол (интернет)|тролувањето]].
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Википедија]]
 
[[Категорија: Викија| ]]
[[Категорија: Хавајски зборови и фрази]]
[[Категорија: Интеракција човек-компјутер]]
[[Категорија: Хипертекст]]
[[Категорија: Самоорганизација]]
[[Категорија: Обработка на информации]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вики