Хартија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 24:
Под поимот заштитна хартија подразбираме хартија во која се вградени одредени заштитни мерки кои овозможуваат нејзина заштита од умножување, репродуцирање, вршење измени во содржината и сл. Заштитната хартија исто така ја среќаваме под поимот „Документска„ хартија, од причина што на таквата хартија најчесто се изработуваат документи од поголемо значење. Документската хартија се добива исклучиво од памукот и има многу добри карактеристики како што се долготрајност, отпорност на абење, не жолтее со време и има добра апсорбирачка моќ на мастилата. Понатаму повеќе внимание ќе се обрне на документската или заштитната хартија.
 
== Заштитна хартија ==
Појавата или потребата за фалсификување или промена на содржината на еден документ постои уште многу одамна, уште од времето кога е откриена хартијата како медиум за изработка на документи и други вредносни материјали. Таа појава општо се дефинира како потреба на човекот за стекнување со противзаконска корист.
Науката секојдневно води борба за заштита на документската хартија од фалсификување и преправање на содржината со вметнување на одредени додатоци во самата хартија заради оневозможување на нејзино копирање, преправање на содржината и сл.
Така третираната хартија ја нарекуваме заштитна или документска хартија.
Заштитна хартија е хартија во која се инкорпорирани заштитни мерки кои имаат улога да го идентификуваат или авторизираат производот како оригинал или заштитни мерки кои ке прикажат намера или обид за нејзино фалсификување на пример промена или бишење на податоци кои се отпечатени или испишани на друг начин.
Од самите почетоци на користење на хартијата, човекот, увидел потреба за користење на хартија која ке биде одбележана (во прво време, а подоцна и заштитена) на некој начин, и која ке го претставува реномето на сопственикот или носителот на самиот документ лично, во исто време да не може да биде изменет од друго лице, намерно или случајно. Водениот печат, на кој подоцна ке обрнеме повеќе внимание, како заштитна мерка први почнале да го користат големопоседниците и веледостојниците за да дадат личен потпис на сите документи кои ги пишувале како и да се заштитат од препишување и изменување на содржината на нивните документи. Таквата хартија се изработувала во посебни фабрики и во точно контролиран тираж. На сликите 2 и 3 гледаме пример на заштита на хартијата со воден жиг кој се употребувал порано.
 
 
Примери како и потреби за користење на заштитната хартија има безброј, почнувајќи од обични билети за концерт или градски превоз па се до изработка на хартиени банкноти, патни исправи, визи и сл. Денеска заштитната хартија е во се поголема употреба. Не може да се замисли било каков документ кој има и најмало значење а да не содржи барем еден заштитен знак.
Полицискиот службеник е потребно добро да ги познава и разликува сите заштитни мерки кои се вметнати во производството на хартијата. За таа цел ке ги проучиме сите поединечно и ќе се запознаеме со нивните карактеристики.
 
== Заштитни мерки во хартијата ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хартија