Источна Румелија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49:
Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на Балканот, посебно е на штета на [[Србија]] и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компезација да биде отстапен дел од [[Македонија]], над кој [[Грција]] претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на [[Труција]], бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компезација. [[Романија]] од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои [[Јужна Добруџа]]. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на [[Австро-Унгарија]] и [[Германија]], а Русија пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на [[Румелија]] со кнежеството.
 
Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на [[24 октомври]] [[1885]] година свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австро-Унгарија. Во [[Српско-Бугарскатабугарската]] војна Бугарија излегла како победник.
 
== Литература ==