Мерилин Монро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Marilyn_Monroe_in_The_Asphalt_Jungle_trailer.jpg", беше избришана од Заедничката ризница о...
Ред 139:
==== Некои го сакаат тоа жешко ====
[[Image:Marilyn Monroe in Some Like it Hot trailer cropped.jpg|thumb|left|upright|Во ''[[Некои го сакаат тоа жешко]]'' (1959)]]
По совет на Милер, Монро се враќа во [[Холивуд]] во август 1958-та за да глуми во ''[[Некои го сакаат тоа жешко]]''. Филмот е режиран од [[Били Вајлдер]], а покрај Монро, во него играат и [[Џек Лемон]] и [[Тони Кертис]]. Вајлдер веќе ги имаше искусено и доцнењето на Монро и тремата и неспособноста да го запамти текстот за за време на снимањето на ''[[Седум години верност]]''. Сепак, нејзиното однесување сега беше уште понеучтиво, а е обележано со одбивања да се учествува во снимањето и повремени испади на вулгарност. Монро постојано одбива да прими упатства од Вајлдер, или пак инсистира на многубројни преснимувања на едноставни сцени сè додека самата таа не е задоволна. Развива близок однос со Лемон, но не ѝ се допаѓа Кертис откако дознава дека тој нивните љубовни сцени ги опишал „како да го бакнуваш Хитлер“.<ref>Riese and Hitchens, p. 111</ref> Кертис подоцна ќе изјави дека коментарот требало да биде сфатен како шега.<ref>{{cite news |first=Petronella |last=Wyatt |title=Tony Curtis on Marilyn Monroe: It was like kissing Hitler! |url=http://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-560606/Tony-Curtis-Marilyn-Monroe-It-like-kissing-Hitler.html |publisher=Mail Online |date=April 18, 2008 |accessdate=2008-10-26 | location=London}}</ref> Монро доживува уште еден спонтан абортус во декември 1958-ма година, откако снимањето е завршено.
 
''[[Некои го сакаат тоа жешко]]'' наидува на огромен успех и е номиниран за шест [[Оскари]]. Монро е пофалена за нејзината изведба и ја освојува наградата ''[[Златен глобус]] за најдобра актерка во мјузикл или комедија''. Вајлдер ќе рече дека филмот е најуспешниот со кој тој некогаш бил на каков и да е начин поврзан. Зборува и за проблемите што се наметнуваа во текот на снимањето, велејќи: „Мерилин беше толку тешка за соработка, бидејќи беше тотално непредвидлива. Никогаш не знаев каков ден ќе имаме... дали ќе соработува или ќе пречи?“ Вајлдер ќе има малку трпение со нејзината методска глума и ќе рече дека наместо да оди во ''Актерското студио'' „требала да оди во Железничко... да научи нешто за пристигнувањето на време“.<ref>Riese and Hitchens, p. 2.</ref> Вајлдер се разболува за време на снимањето и појаснува: „Бевме на сред-лет – а имаше лудачка во авионот“.<ref>Summers, p. 177.</ref> Во ретроспектива, тој ќе ја зборува и за „некаква необјаснива магија" што ја поседувала Монро и за нејзиниот „апсолутен гениј како комична актерка“.
 
==== Ајде да водиме љубов и Неприлагодени ====