Микеланџело Буонароти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
→‎Полнолетство: Утната година
Ред 15:
=== Полнолетство ===
 
Смртта на Лоренцо де Медичи, на 8 април 19421492 година, донела пресврт во животот на Микеланџело. Тој го напушта покривот на школата на Медичи и се враќа во домот на неговиот татко. Во следните месеци на дрво го изрезбарил „Исусовото распетие“ (1493 година) како подарок за игуменот на фиренската црква Санто Спирито (Светиот дух), кој за возврат му дозволил да изведува анатомски истражувања врз труповите во црковната болница. Помеѓу 1493 година и 1494 година, Микеланџело купил блок од мермер на кој сакал да изработи многу поголема од веќе постоечката статуа на Херкул, која била испратена во Франција, а потоа случајно исчезнала некаде околу 18 век. На 20 јануари 1949 година по обилните снежни врнежи, наследникот на Лоренцо, Пјеро де Медичи, нарачал изработка на снежна статуа, и Микеланџело повторно се нашол во редовите на школата.
 
Истата година Медичиеви биле протерани од Фиренца како резултат на спроведувањето на власта на Савонарола. Микеланџело го напуштил градот уште пред завршувањето на политичките пресврти, селејќи се во Венеција, а потоа во Болоња. Таму бил ангажиран да ги заврши малите фини фигури на олтарот на Св. Доминик, во црква посветена на овој светец. Кон крајот на 1494 година, политичката ситуација во Фиренца била помирна. По поразот на Чарлс VIII, градот кој најпрво се наоѓал под закана на Франција, веќе бил безбеден. Микеланџело се вратил во Фиренца, меѓутоа не успеал да добие никаква понуда за работа од новата управа на градот под власт на Савонарола. Се вратил да работи за Медичи. За време на шесте месеци кои ги поминал во Фиренца, работел на две мали статуи, и тоа статуа на „Малиот Св. Јован Крстител“ и „Заспаниот Купидон“. Според Кондиви, Лоренцо ди Пјерфранческо де Медичи, кој првично ја изработил статуата на Св. Јован Крстител, побарал од Микеланџело да ја поправи „така што треба да изгледа како да била запалена, за да може да ја испрати во Рим и да ја продаде за многу повисока цена како антиквитет.“ Кардиналот Рафаело Ријарио, на кој Лоренцо му ја продал статуата, открил дека се работи за измама, меѓутоа бил толку воодушевен од квалитетот на изработката, што ги поканил уметниците во Рим. Овој случаен успех во продажбата, како и затегнатата ситуација во Фиренца, го охрабриле Микеланџело да ја прифати понудата на кардиналот.