Лазар Колишевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
== По ослободувањето на Македонија ==
[[Податотека:lazar kolisevski.JPG|thumb|left|230px|Лазар Колишевски]]
[[Податотека:Referat na Kilishevski na vtoro zasedanie na ASNOM.pdf|мини|десно| Реферат на Лазар Колишевски, потпретседател на АСНОМ, за политичката ситуација во Македонија, изнесен на Второто заседание на АСНОМ, (30.12.1944)]]
 
По своето ослободување, Колишевски се вратил во Македонија и ја презел функцијата секретар на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Комунистичката партија на Македонија]], а на таа функција останал до јули [[1963]] година. Колишевски многу брзо станал највлијателен човек во Македонија. На [[26 ноември]] [[1944]] година, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија, тој бил избран за негов потпретседател, а во [[декември]] 1944 година бил избран за прв потпретседател на [[Президиумот на АСНОМ]]. Набрзо, во [[јануари]] [[1945]] година застанал на чело на Работното тело на Президиумот на АСНОМ, кое фактички ги презело надлежностите на Президиумот на АСНОМ. На Третото собрание на [[АСНОМ]], одржано на [[16 април]] [[1945]] година, Колишевски бил избран за прв претседател на [[Влада на Македонија од 1945|Владата на Демократска Федерална Македонија]].