Шарлија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
Планината е сместена во [[Серско]], [[Егејска Македонија]] и се протега во працвец североисток-југозапад. Долга е околу 30 км и широка 15-20 км. Највисока точка е врвот Пророк Илија (''Προφήτης Ηλίας'') со 1.849 м. По [[1941]] г. врвот територијално влегол во состав на Бугарија и во 1942 г. е преименуван со државен указ во ''Коевец''. Пред тоа се нарекувал ''Алибаба'' (''Αλή Μπαμπάς''). На север, длабоката долина на реката [[Белица (Егејска Македонија)|Белица]] (Крусовитис) ја сели од [[Словенка]] (Орвилос) и [[Сенгелска Планина]] (Ангистро), а на североисток Шарлија се надоврзува на планината [[Црна Гора (Егејска Македонија)|Црна Гора ]] (Мавро Вуно) преку Црвиловското Седло, а на исток [[Бродска Река]] ја дели од планината [[Змијница]] (Меникио). На запад и југ планината се граничи со плодното [[Серско Поле]]. Шарлија е составена претежно од [[гранит]]и. Во ниските делови се среќаваат [[шкрилец|шкрилци]], [[мермер]]и и песокливи [[терцијар]]ни наслаги.<ref>Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.12-13.</ref>
 
== Зимско одморалиште ==
На северните падини на Шарлија, на висина од 1.600 м е сместен скијачкиот центар Лајља (''Λαϊλιά''). Тука е изграден скијачки терен со должина од 1 км, скилифт со седишта долг 850 м и капацитет 700 луѓе на час, како и неколку влечалки. Центарот располага и со терен за почетници. На крајот од пистата има современ објект со ресторан, кафетерија и сместувачки капаацитети. Центарот е домаќин на низа натпреварувања по скијачко спуштање и трчање.
 
== Населени места ==
Во подножјето на планината се сместени гратчето [[Валовишта]] (Демир Хисар, гр. Сидирокастро) и селото [[Савек]] (Вамвакофито) од западна страна, градот [[Сер]] од јужна, селото [[Горно Броди]] (Ано Вронду) од источна и селото [[Крушево (Серско)|Крушево]] (Ахладохори) од север. Од Шарлија извира реката [[Серовица]], која тече кон југ, напоредно на Бродската Река.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Шарлија