Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

нема опис на уредувањето
|year_leader2 = 1918–22 (последен)
|title_deputy = [[Спосок на отомански Големи визери|Голем Визер]]
|deputy1 = Алаедин Паша -паша
|year_deputy1 = 1320–31 (прв)
|deputy2 = Ахмет Тевфик Паша-паша
|year_deputy2 = 1920–22 (последен)
|stat_year1 = 1689
[[Податотека:Musa Çelebi.jpg|right|200px|thumb|Муса Челеби]]
 
По [[Анагорска битка|Анагорската битка]], во Отоманската империја се дошло до [[Отомански интеррегнум|интеррегнум]] - ''меѓувлада'', период кој траел повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али Паша-паша и јаничарскиот ага се засолниле во [[Бурса]] а потоа и во [[Едрене]] каде се самопрогласил за [[султан]]. Мехмед се зацврстил во [[Амасија]] и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во [[Бурса]] и ја зацврстил својата власт во [[Караманија]]. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во [[Анадолија]], тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во [[Едрене]]. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај [[Ески Шехир]] бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во [[1406]] година, <ref>Furuzan Hursev Tokin, Turkiyede halk hareketleri, Istanbul 1968, 35.</ref>Тогаш Сулејман со својата армија преминал во [[Анадолија]] борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејк Бедредин Симави.
 
Војната завршила во [[1413]] година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името [[Мехмед I]].
Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I била [[Опсада на Виена (1529)|опсадата на Виена]] во [[1529]] година. Опсадата претставува крајна точка на [[Османлиски војни во Европа|османлиската инвазија во Европа]], бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во [[Европа]], иако во [[1683]] година имал уште [[Опсада на Виена (1683)|еден обид]] за зазимање на градот.
 
По смртта на Сулејман I, негов наследник станал неговиот син [[Селим II]]. Во текот на неговото владеење, тој успеал да ги зазеде [[Јемен]] и [[Крит]]. Во [[1570]] година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот [[Кипар]] и крајбрежните делови од денешните држави [[Италија]] и [[Шпанија]]. Војната продолжила од [[1570]] до [[1573]] година. Во текот на [[1570]] и [[1571]] година биле заземани градовите [[Никозија]] и [[Фамагуста]]. Тој доживеал голем пораз во [[Битка кај Лепанто (1571)|битката кај Лепанто]] во [[1571]] година. Самиот Селим II се оддал на харемовиот живот. Во практика неговата империја била управувана од страна на [[Мехмед Паша-паша Соколовиќ]]. Тој починал во [[1574]] година од [[алкохол]].
 
По смртта на Селим, неговите следни два наследника [[Мурат III]] и [[Мехмед III]] продолжиле со борбата за превласт во [[Харем-и Хумајун|харемот]]. Нивното време се одбележува со голема [[корупција]]. Од овие два султани се очекувало премногу, но сепак тие живееле типичен сарајски живот. границите на империјата повеќе не можеле да бидат проширувани бидејќи самиот султан не размислувал за тоа.
[[Ахмед I]] на престолот застанал во [[1603]] година, на свои 14 години. Во [[1617]] година бил потпишан мир со [[Персија]] и [[Молдавија]]. Тој бил првиот султан којшто не извршил братоубиство. Својот брат [[Мустафа I]] го прогласил за негов наследник бидејќи синот му Осман бил премногу млад. [[Мустафа I]] по само три месеци бил сменет од страна на [[Осман II]]. Осман II ја обезбедил источната граница со потпипшшување на мировен договор со Сафавидски Иран. Тој ја предводел инвазијата над [[Полска]]. По [[Битка кај Хотин (1621)|битката кај Хотин]], Отоманците биле поразени и Осман бил принуден да се врати во престолнината во срам, обвинувајќи ги јаничарите за поразот.
 
[[Мурат IV]] на престолот дошол во [[1623]] година. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Тој водел победоносна војна со [[Персија]], освојувајќи го [[Азербејџан]], [[Табриз]] и [[Хамадан]]. Во [[1638]] година го зазел и [[Багдад]]. [[Мехмед IV]] имал само 7 години кога бил прогласен за [[султан]]. Државната власт била управувана од страна на [[Валиде султан]] и самите јаничари. Во [[1664]] година неговите сили доживеале пораз кај [[Битка кај Сентготард (1664)|Сентготард]]. Големиот везир [[Кара Мустафа Паша-паша]] залудно се свртел кон [[Виена]] во [[1683]] година и ја [[Опсада на Виена (1683)|ставил под опсада]]. По неговата неуспешна опсада, [[Кара Мустафа Паша-паша]] бил погубен.
 
=== Периодот од 1683 до 1827 година ===
[[Податотека:Sultanvahideddin.jpg|thumb|Заминувањето на [[Мехмед VI]], последниот султан на Отоманската империја, 1922]]
 
[[Окупација на Константинопол|Окупацијата на Константинопол]], заедно со [[окупација на Измир|окупацијата на Измир]] од страна на победничките сили во војната го дал почетокот на [[Турска војна за независност|Турската војна за независност]], која траела од [[1919]] до [[1922]] година. На чело на Турското национално движење застанал [[Мустафа Кемал Паша-паша]].<ref>Mustafa Kemal Pasha's speech on his arrival in Ankara in November 1919</ref>
 
Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во [[Анкара]]. На 1[[2 февруари]] [[1920]] последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за ''Misak-i Milli'' („Национален пакт“). На [[10 август]] [[1920]] година, Големиот везир [[Дамат Ферид Паша-паша]] го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманската империја, вклучувајќи го и региони Турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на [[Турци]]те на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На [[5 август]] [[1921]] година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август [[1922]], Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја поврати контролата на [[Измир]] на [[9 септември]] [[1922]] година. На [[10 септември]] [[1922]], Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на нации каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.
 
Конференцијата во Лозана започнала на [[21 ноември]] [[1922]] година. Турски претставник [[Исмет Инону]] одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата, и слично. На [[24 јули]] [[1923]] година, Договорот од Лозана бил потпишан. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на [[Република Турција]] на [[29 октомври]] [[1923]] година. Со ова, офоцијално престанала да постои Османлиската империја.