Рокселана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Александра Лисовска била родена во периодот од 1500 до 1506 година. Според податоци од [[17 век]] нејзиниот татко бил украински православен свеѓтеник. Таа била родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина. Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Константинопол односно во харемот на [[Сулејман I]].
 
[[Паргали Ибрахим Паша-паша]] (1493-1536) му ја понудил Рокселана на својот пријател од детството султанот Сулејман. Таа влегла во харемот кој броел околу 300 девојки. Во историографијата таа е опишана со црвена коса, многу интелигентна и весела. За неа венецијанците кажувале дека била доста млада но не и убава.
 
== Во харемот како омилена==
Ред 38:
По доаѓањето во харемот, Рокселана како и сите харемски робинки започнале да добиваат лекции за турскиот јазик и исламот. Таа учела да пишува и многу бргу започнала со составување на љубовни писма, со шиење и плетење, пеење, танцување. Убавите робинки кои имале шанса да станат султански конкубини биле учени и на еротски вештини. Од сите нив, дваесет биле одредувани како султански собарки кои имале обврска да го облекуваат на султанот, да го бањат и да го снабдуваат со јадење. Тие од овде можеле да станат и негови миленици или икбал. Во случај да останат трудни или да родат деца од својот господар, тие биле прогласувани за конкубини.
 
На Рокселана не и било тешко да го привлече вниманието на Сулејман. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи ''насмеана''. Таа бргу по пристигањето во [[Османлиски харем|харемот]] во палaтата [[Топкапи сарај]] станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. Сулејман бил воодушевен од подарокот на [[Ибрахим Паргали -паша]]. Со Рокселана можел да пишува песни или да води политички дискусии. Рокселана со ова била во можност да му даде добри совети и имала разбирање за неговиот страв кој единствено на неа можел да ги кажува.
 
Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар, во превод ''пролетно цвеќе'') со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа [[Шехзаде Мустафа]]. Современите писатели пишуваат дури дека по запознавањето Сулејман не одел повеќе во харемот. За неа венецијанците кажувале дека била доста млада но не и убава.
 
Во [[1522]] година Рокселана го родила принцот [[Шехзаде Мехмед]]. Така започнале и првите конфликти со останатите сопруги на Сулејман околу идниот престолонаследник. Претходно во времето на [[Мехмед II]] главно поради спречување на граѓанска војна издал закон според кој новиот султан можел да ги убие неговите браќа или полубраќа за ред во империјата. Во [[1523]] година Рокселана повторно родила син кој имал проблем со нозете па неможел да претендра за престолот. Во 1526 година се родило третото нивно дете [[Михримах султан]], која подоцна била омажена за [[Рустем Паша-паша]], големиот везир од албанско или српско потекло. Во тоа време Рокселана играла се поголема улога во животот на султанот. Сулејман и покрај првенецот син Мустафа, повеќе ја сакал Рокселана. Тој го занемарил и својот пријател Ибрахим -паша, кој во 1523 година го поставил за голем везир за [[Румелија]] и кој подоцна бил оженет со неговата сестра [[Хатиџе султан]]. Во 1526 година Сулејман го поставил за главен заповедник на својата војска во походот против Унгарија.
 
== Во харемот како сопруга==
Ред 68:
{{quote|Моја драга божице, моја чудна убавино. господарка на моето срце, сопатница на моите желби, моја единствена, ти си ми помила од сите убавици на светот.}}
 
Кога еден од најголемите пријатели на Сулејман од детството, Паргали Ибрахим Паша-паша започнал да добива огромна моќ во дворот, преку големи интриги Рокселана успеала да го убеди на Сулејман да го погуби во 1536 година. Паргали еднаш во едно писмо напишал
 
{{quote|Да, вистина е дека владеам со ова големо царство... Кога и да посакам можам од еден коњаник да направам паша. Што и да посакам на некому да ќе се додели, а ако не сум согласен тоа ќе му се одзеде. Одлуката за војна и мир, употребата на паричните средства - се е во мои раце. Самиот султан не е подобро обучен од мене. Своето полномоштво го дава на мене... }}
Се смета дека Паргали бил погубен поради големото влијание во империјата. Сулејман започнал да се плаши и за неговиот престол па поради ова бил погубен.
По смртта на Ибрахим Паша-паша, на Сулејман како доверлив човек му останал само Рокселана. Во 1541 година брачниот пар започнал да живее заедно. Во еден пожар бил уништен поголемиот дел од Ески сарај односно харемската палата. Рокселана го наговорила на Сулејман да не ја обнови таа палата туку нејзината одаја да ја изгради во негова близина на кое Сулејман одговорил позитивно.
Во тоа време Сулејман се разболел од костобол, а за неговата нега се грижела единствено Роскелана. Во 1543 година починал Шехзаде Мехмед, најстариот син на брачниот пар, кој во меѓувреме станал доволно популарен кај народот и во војската за да го наследи тронот. Тој починал на 21 година, а зад себе ја оставил својата двегодишна ќерка. По смртта на Мехмед, кај Рокселана избувнал стариот страв дека Мустафа може да ги погуби нејзините синови доколку еден ден според традицијата стане султан.
Со сопругот на нејзината прва ќерка Михримах, Рустем Паша-паша, кој во 1544 година бил голем везир започнала да ја задуши потенцијалната опасност за нејзините синови. Колку од ова е точно денеска не е познато, но се знае дека во 1553 година Мустафа бил убиен поради организирање на бунт против султанот. Заедно со Мустафа бил убиен и неговиот 11-годишен син.
 
Убиството на Ибрахим Паша-паша и Мустафа според многумина се сметало дека се дело на Рокселана, и покрај тоа што нема никакви докази. Во 1553 година починал Џихангир кој не можел да го преболи убиството на својот полубрат. Така на Рокселана и останале уште Михримах, 22 годишниот пијаница Селим и 21 годишниот амбициозен Бајазит кој според својот карактер личел на својот татко. Во последните години од својот живот Рокселана постојано се обидувала да го смири ривалството меѓу нејзините два сина.
 
Бидејќи починала во 1558 година, таа не доживеала да го види конфликтот меѓу Бајазит и нејзиниот сопруг Сулејман против кој бил организиран бунт. Побуната не успеала и Бајазит заедно со своите четири синови биле погубени. Единствено дете кое никогаш не го разочарал на султанот била неговата ќерка Михримах.