Обработка на отпадни води: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Тек на процесот: додаток аеробен и анеробен краток опис
Ред 6:
Отпадната вода може да се обработи блиску до местото каде се создава (во [[септички тенк]]ови, [[Биофилтер|биофилтри]] или [[Систем за аеробна обработка|системи за аеробна обработка]]) или собрана и пренесена преку мрежа од цевки и пумпи до општинската постројка за обработка. Собирањето и обработката на отпадната вода обично е предмет на локални, државни и федерални регулативи и стандарди. На индустриските извори на отпадна вода често им се потребни специјализирани процеси на обработка.
 
При конвенционалната обработка на отпадна вода постојат три чекори: примарен, секундарен и терциерен. Примарната обработка се состои од привремено држење на отпадната вода во мирен басен каде тешките цврсти материи можат да се исталожат на дното, додека маслото, маста и полесните цврсти материи испловуваат на површината(механички третман). Смирените и пловечките материи се отстрануваат, а преостанатата течност може да се испушти или да подлежи на секундарна обработка. Со секундарната обработка се отстрануваат растворените и суспендирани биолошки материи. Секундарната обработка најчесто се изведува од автохтони, водни [[Микроорганизам|микроорганизми]](биолошки третман на отпанда вода). При секундарната обработка може да е потребен сепарациски процес за да се отстранат микроорганизмите од обработената вода пред нејзиното испуштање или терциерна обработка. Сепарацииониот процес може да е со таложење на микроорганизмите или со филтрирање на водата користејќи мембрански елементи(Мембрански биореактори).Терциерната обработка понекогаш се дефинира како нешто повеќе од примарната и секундарната. Обработената вода понекогаш се дезинфицира хемиски или физички (на пример со [[лагуни]] и [[микрофилтрација]]) пред испуштањето во поток, река, езеро, брег, лагуна или мочуриште, или може да се користи за наводнување на голфски терени или паркови. Доколку е достатно чиста, таа може исто така што се употреби за обнова на подземните води или во земјоделски цели.
 
Биолошкиот третман се состои во намалување на одредените конституенти во отпадната вода до одредени посакувани вредности. Третманот на отпадната вода со микроорганизми според потребата на кислород се дели на аеробен и анаеробен. Во аеробниот третман на отпадната вода микроорганизмите во процесот на елиминација на органските материи активно го користат кислородот за оксидо-редуктивни процеси